чади несв.
чад м.

чади (несв.)

- Погледни онаму, чади - покажа преведувачот. - Одиме да видиме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не сме за таа работа, велиме и гледаме како дуваат во манџата од компири и овчо месо што им чади пред лицата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Човекот живее додека чади во него довербата... И надежта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од тврдината чадеше само некоја гнилеж, некоја задушлива смрдеа што ја сеќаваа и околните села.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ноќта навева мирис на далечни снегови што се мешаат со благата пареа на тревата кон месечината што чади.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ја разгрнаа пепелта. Во кошот уште чадеа неколку недогорени греди.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И сал едноличен шум на стреата како од искони и еден убав мир како пред моите милиони години во библиските шуми додека врне дожд додека чади тревата додека дишам.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
На син облак качен стои простум стрико Бојан Димански, ни рајски ни адски, и насмеано гледа кон земјата и кон мене и во писмото во моите раце, кое сетака чадеше и кадеше и ги гореше прстите мои.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ручекот не е оној истиот од пред малку затоа што сега е задушен, додадена му е аромата на запалена цигара, на тутунот што споро гори, ама силно чади и бргу убива.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А Витомир уште со прво се фати за тутунот. Само витка цигара за цигара и само чади. Чади и јаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Очите им беа матни како да чадеа од под клепките; над и под таа задименост се наслутуваа првите брчки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
84. Додека сѐ уште чадеа илинденските пожари, бугарската влада навистина побрза да го испрати конзервативниот политичар и државник, туркофил и русофоб Григор Начович (1845-1920) во Цариград за да се погаѓа со Турција за правата на „Бугарите” во Македонија, а не да им дозволи на Македонците самите да се појават како фактор на преговарачката маса за сопствените интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Главата на тој крмнак како да чадела низ крвавите ноздри и како да се потргала од живата безобличност на сенките; забите во зинатата уста биле потемни од танките усни - и мртви се заканувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Две жени со долга брада над оџаци црно чадат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Од неа цутат доловите од неа полето зрее и сета земја чади како погача.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ги жалеа луѓето, ги оплакуваа и правеа маѓии да ја стиосат болеста, тропаа со тенекиња и ја бркаа, палеа ќуќур и козина да ја спотераат и избркаат од каде што дошла; ги стркаа ќералите и плевните со света водица, со жива вар, чадеа темјан и пееја молитви, го молеа господа да ја запре и сотре болеста по ајваните; им врзуваа амајлии на гушата, им сечеа од ушите, од опашката, од роговите - чинеа сѐ што знаеја или ќе чуеја само да ја откатанчат и изгонат болеста.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нафтата во ламбата гореше и чадеше. Светлоста не беше чиста, но пак поарно светеше од борина.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во пепелникот чадеше втората цигара тоа утро и чувствував како од тие први цигари срцето позабрзано ми чука.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И, часот, почна да чади и да присмрдува, да се топи и да го снемува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лицето гледам ѝ гори. И целата глава ѝ гори, ѝ чади.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе