чапја (ж.)
Свикнат да се препушта на своите претчувства, тој цела ноќ око не заклопи: божем некој јорганџија без престан дрндаше памук покрај неговото лево уво, додека десното свесно се расправаше со реалните гласови на Блатието, со криците на чапјите и со шлапкањето на водата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Само на една грозна чапја не ѝ ја сврте шијата како на другите, туку ја пушти назад ставајќи ѝ прстен на ногата на кој напиша: „Почитувани цареви и кралеви, не пуштајте ги овие птици ваму каде што не им е местото, зашто ќе ја доживеат судбината како што ја доживееја вашите војски...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
сите почнавме први, вели Силе Плевнеш и едната рака си ја потклава под главата, си прави визглавје, сака да спие, и така ќе се умира, вели, барем наспијан да умрам, далечен е патот до небото, треба одморена да ја пуштиш душата, а јас ништо не сакам, вели Стеван Докуз, само да се најадам, до гуша да се наѕидам и пак почнува да цимолка и да си ги голта солзите, искрен е Стеван Докуз и во плачењето и во јадењето, никогаш не му било доста јадењето, ламја е Стеван Докуз, машина, чапја, коза пропрсната, е што да правам кога мислата само на тоа ме тера, вели, ќе се сетам на шумата наша и пред секое заспивање си мислам колку би било добро и шумата да се јаде, да можеш ко коза да ѝ влезеш, од Зајгазица, или од Чучка, или од уште подолу, од Задмартинец и да фатиш да си кубиш, да си брстиш, со ред, стрижи, кастри, наполни го мевот, напиј се вода и легни си под некоја најширока бука што ќе те павка и ќе те брани од мувите и од сонцето, а кога ќе огладнеш пак стани, и пак брсти, стрижи, мели ко гасеница, 120
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И така нашиот зејгора пак сам и без братска помош на поранешните свои познајници, со стремеж зацапал по мочуриштата, да фаќа со примки и стрели чапји, жерави, шлуки и галепчиња, и в поле или в планина -дропки, пчеларки, пупунци, сојки, ветрушки.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Стоејќи на една нога и обидувајќи се да постигне совршен баланс, како што тоа го прават чапјите и фламингото, со раце испружени на правците Исток - Запад, се надеваше дека конечно ќе биде допрен од раката Божја, токму на ова место, зашто ако не овде, сигурно немаше никаде.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
И мајка ѝ на Велика оди по нив. На ти ова. Не сака. На ти она, пак не сака. А тие чапји: викаат, бараат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Додека дивечот, (волците, мечките, лисиците, зајаците, јазовците, ласиците, смрдулките и куните) зашто нема кој да го прогонува и лови, се намножи до загрижување, преку цел ден и преку цела ноќ, страв да те фати, слушаш како тулилка, завива, кашла и си ги секне грлата во гората и во полето, птиците, пак, си мисли на барските, (чапјите, норците, галебите, пеликаните, кормораните, дивите пајки и дивите гуски; штрковите следејќи ги старите навики и стариот инстинкт, сѐ уште ѝ се верни на Потковицата, населбата на Станкоски Рид готово ја претворија во колонија на штркови: на покривот на секоја куќа, на оџакот на секоја напуштена куќа, има направено седело од штрк по мелиорацијата на мртвиците и Блатото, сосема, сосема, се изгубија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кај Данте, душите на оние на кои страста им го заплеткала разумот, на забранетите љубовници (Семирамида, Дидона, Клеопатра, Елена и Парис, Франческа и Паоло – извонредно друштво!) „пловат како чапји“ Лепет на невидливите крилја: зборот, чапјата – Ardea, кажан, под песок и книги, кој знае кога, во нечиј страстен љубовен крешендо, или во внатрешниот монолог на непознатиот, долетува, по мистериозната, музичка аналогија, во она што го запишувам.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)