чевла (ж.)
Така бискупот во „теоријата“ ја видел онаа „идеална чевла“ која тогаш лесно ја споредувал со производот на кондураџијата и на тој начин заклучувал колку вреди изработената кондура, односно колку ѝ се доближува на идеалната.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Револуционерните занаетчии, спротивно на тоа, тврделе дека идеална чевла не постои, како ни непроменливата форма и дека тие самите треба да пронаоѓаат нови форми на чевли и постојано да ги усовршуваат.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Да, ќе беше огромна штета да не можеше да се поправат тие прекрасни, елегантни, салонски чевли...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)