чевле ср.

чевле (ср.)

И мојот добар дедо почнувал да раскажува како чевлињата ќе бидат едни црни, светликави, со скобички по ѓоновите, со врвци што на крајот ќе имаат желевца за провирање во дупките но сепак најубавото на нив ќе биде тоа што таму каде што ќе се врзуваат ќе имаат нашарен преклоп.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Попусто кутри татко ги молел барем само чевлињата за детето да му ги дадат, дека јас цела година ги чекам тие чевлиња.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дедо ми, кога татко ми бил дете, еднаш цела година му раскажувал на татка како за другиот Велигден ќе му купи едни такви убави чевлиња какви што никој досега не видел.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но не престанувал да ја слуша приказната за чевлињата, туку сѐ сонувал со нив на нозете.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Одвај чекал навечер по вечера да се истркалаат во постелата и да го помоли: - Тате, ајде да ми кажуваш за чевлињата што ќе ми ги купиш за Велигден.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Трча така, го загледуваат и чевлињата одеднаш не се чевлиња, туку кој ги носи најјунак е, кој ги носи најубав е, кој ги носи е сето она што селаните најмногу го ценат и сакаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Гледам јас горе, па гледам долу во нозете, во чевлињата, не сум ја прашал кој ѝ ги купил чевлињата со жапчиња што се запетлуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа оди напред, а јас мислам дека цела земја оди по неа. Погледот ѝ паѓа пред врвот од чевлињата. Им прави место на чекорите, на стапалките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кожите ни дишеа секогаш различно, окото ни клептеше секогаш различно и различно броевме чекори детски и камчиња во чевлиња, различно ни гореа гласните огнови и писмата ги виткавме различно во различни бои со различни поштенски марки, цветни усни јазици зборувавме, децата нѐ гледаа, броевме, реката знаеше, броевме спомени и слики. Колку ли слики и спомени?
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
И на татка ми, целата таа година, најмила му била приказната за чевлињата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)