чекалница ж.

чекалница (ж.)

Трчам низ чекалницата затната со народ: не знаеш чии нозе од чија глава се.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само ние двајца мрдаме во чекалницата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој е на едниот крај од чекалницата, а јас на другиот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури тогаш се сетив за нејзиното липање во чекалницата кај Подувкина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А чекалницата долга и широка, не се догледува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И после, наместо во возот, нѐ пикнаа во големата чекалница пред пругата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Влегувам во амбулантата: во чекалницата седи само балерината Клавдија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Според турканицата пред шалтерот за багаж, во чекалницата, а и внатре, во леталото, авионот Скопје – Виена може да заличи на автобус со крилја.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Излегувам, а Клавдија уште седи во чекалницата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Салата во која престојуваме кога врне дожд личи на третокласна чекалница во некое зачмаено село, особено поради тоа што има умоболни кои секогаш носат шапка, очила, стап и облека за патување, речиси како во приморските летувалишта, и кои тука се претставуваат како минувачи…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја поминав чекалницата, по чиј под, како и обично, беа посеани лушпи од семки и сончоглед.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)