чекање ср.

чекање (ср.)

Се претворив во сомнеж, чекање, надеж...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Отвори ја портата на срцевата градина, чуварот потонал од уморно чекање.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Зората во моето поле е како виолина напрегната Ридовите молчаливо руменеат како мислата на мене а гулабите играат во синевината како нашето чекање Виолината го крие во росата цвркотот на будењето Тој е како твојот смев набрекнат во младите гради Сонцето заигра по жиците и плисна млеко на музиката по сонливата трева Зората се кикоти и примира од смеа...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Крик на ѕвер или на темна гора е овој неподнослив молк што нѐ враќа во пенливиот мирис на животот минат во долг ходник за чекање со горчлива сол што ни тече низ мислата низ вените низ изметот.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Не го гледам но добро го знам Тоа испотено чело на копнежот: едноличен регистар од сувата кашлица на чекањето со две ладни ѕвезди во очите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Палејќи цигара по цигара откако минаа повеќе од пет часа чекање, беше сигурен дека автобусот ќе пристигне дури по полноќ во ситните часови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта кон наслутениот смев интимни сосема одиме Оваа постела потна е море со високи бранови што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела и на тој пат што мами сосема измешана плови зелена гранка од соништата и раката од пелин Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина што мавта и подмладува со рацете на ветерот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тоа чекање навистина завршуваше со успех на кој ние децата не се радувавме премногу, ами олеснето потрчувавме по ластик или топка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Гранката на чекањето мое не ќе шуми по средбата наша.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ноќва е ваза длабока без сон каде ’рти цвеќето на немирот И јас немам раце да ја скршам на белото кладенче на денот Немам очи да ја ослепам со жолтите плодој на чекањето Имам само една добра песна што го кроти просторот непроспиен Песна добра како кроток кавал што го чува стадото на надите
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
На секој предмет паднала голема неизвесност и чекање.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Само две раце имам и едно исушено тело чекање: Илјаден да сум - мал да не сум за една капка тебе Македонија.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Годините поминати во автобус на долгите патувања и чекањето на границите ме истренирале, трпението ми е на ниво 11 од можни 10.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ете, дојде да нема веќе чекање и да нема што да се чека.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вечно полупразни перони во долго очекување на една трошка радост и сива карпа од страв пред пристигањето на едно умирање Рамни мермерни подови што го мазнат лавиринтот од изгубените стапалки пред едно вечно чекање што сака никогаш да не дојдат возовите со мала кратка радост штом можат да донесат едно крајно умирање
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Имајќи намера без скокање, а само со чекање и застрашување да ја укочи мачката и да ѝ го пукне здивот - таа го укочи, го хипнотизира него со својот посилен поглед кој, заради стравот и за себе и за мачињата, доби хипнотизерска моќ.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Врати се, зошто чекањата се долги на оваа страна од сонот.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Јас во тој период во Скопје работев во Македонската авиокомпанија и имав право на карти со голем попуст, но на листа на чекање.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Тогаш и вистински ќе почувствував како усните, ми се сушат; како ми венат од нестрпливост и од долго чекање. Но тоа не е битно.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Бебињата немаат време за чекање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе