чепне (св.)
До пијалаците се – сусамките, печени бадеми, кикиритки што Ескимите не ги виделе ни во сон, прженици од печурки, па и тортата, толку убава што ти е жал да ја чепнеш, а не да и ги наковаш забите.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Вечерта воспитачот ме запре во ходникот, ме чепна со прст преку носот и ми рече: „Добро е, мали.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Однадвор допираа разни звуци, но ниеден да му ја чепне свеста.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Е Трпе бе, забораи кога до вчера веслаше кајче - зајадливо го чепна другарот Климе.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Стомакот навистина ме болеше и ме притискаше, па само го чепнав месото, но не го изедов цело.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Си ги зедов фанглата и мистријата, да ми се живи, си реков и продолжив да си работам како што си работев и пред тоа, мирно, спокојно... - ја чепна Илко со клечката лулата, ја разгоре, почна да трга и да исфрла кругови од чад што се распарчуваа низ одајата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Се принаведна, погледна во разводникот, го прст ги одвои платините, чепна уште нешто, па со прст и го затвори разводникот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)