честито прил.
честит прид.

честито (прил.)

Нека ви е честито и да се ќердосате! се посегна и ја целува во двата образа. Грмна и од други усти Нека им е честито!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Вие честито и лојално би живееле и во царство со кое владее стоглава ламја. Честитоста и лојалноста се релативна категорија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Па ова е голем настан. Сестричка не се раѓа секој ден. Честито, Ташко!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А татко ти, онака смотан, навистина не знаеше ни честито да се насмее иако убаво ги беше сфатил зборовите на дед Павел; само прогрофта нешто, промолви, изломоти, но зборовите не ги пушти да заживеат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Со недели Панделиј Каламарис ни спиел ни честито каснал леб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Mazel tov! извик на честитање со значење: „Сѐ најдобро! Честито! Најдобри желби на овој среќен ден!“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Честито за наградата! - Рада ѝ се обрати на младата поетеса од Белград.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)