чести (несв.)

Целото лето тамошно што им работил по полските работи на Аџиовците и тие многу го честеле и гледале како свој човек.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ме честеше мене и речиси цела кафеана со шампањско.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Честеше зашто беше на трагата на твоето пронаоѓање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ами лели едно ме видоа и на име ми рекоа и ме однесоа дома, та ме нагостија и многу ме честија.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Прави што правиш, чести си го таткото и мајката да не добиеш некоја клетва во некој лош саат, за да тргаш мака".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога влегуваш во аптека, сите ти прават место а аптекарите без прашање те честат со двоен лексилиум.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Почна да ги чести и луѓето со кои беше. Веќе ми надојде нервозата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Келнерот донесе на масата врз татковите исцртани листови нова тура ракија со нови преполни чинивчиња мезе наполнети со јагнешки џигерчиња, сирење, туршија од модри патлиџани со лук. Честеше овој пат куќата.
„Граница“ од Луан Старова
Дојде лута дома. „Јас, рече - ги честам од супата и репете им досипувам, ај греота се на студот качени по скелињата, а тие мене за мајтап ме имале!“ и извади од џебот розови купончиња.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мајка му ги донесе колачињата и почна да ги чести гостите, Но Зоки го одминува, како да не го гледа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Не бил шофер! Бил висок, висок политичар, а јас и симит погача го честев!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ве носам на ручек во оној ресторан кој се наоѓа на најголемиот сплав, и тоа на риба подготвена на скара. Јас честам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ни пријде келнерот со две чашки гроздова ракија. - Чести куќата за добредојде! – рече срдечно келнерот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ајде да седнеме да си го гостиме и честиме брат Арсо!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ја честеше и неа пијачка. Ги миев чашите, вриев од нервоза и мислам дека тие сами пукаа под моите раце.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ајде, по една малина! Јас честам, а потоа сите кај мене.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Миха, кој уште со тапанот се научи еднакво да удира со големата како и со малата палка, небаре си го вртеше образот на ударите од животот, го прими својот успех наполно мирно, поправо онака прибрано како што ја прими татко му неговата диплома: дури не се чести ни со чаша пиво, а не пак да стави вратоврска на крута јака и да подигне пенлива шира во лажлива здравица.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да не ги честевме работниците и да не земевме да го запретаме каналон со првата рака земја на цевките, којзнае дали ќе се напраеше ова чудо“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
— Сега, ајде да ве честам, им велам на криминалците, голема услуга ми направивте.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чести за името, за светецот. А во војска, гости, колку да сакаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе