четиво ср.

четиво (ср.)

Тој не можеше да сфати дека дури подоцна ќе биде разработено и дооформено четивото кое ќе послужи како материјал за откривање на вистината и како лектира во натамошните стручни расправи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, она што навистина го изненади стариот професор беше не тоа дека кучето со поглед секогаш го следеше кога тој пребаруваше по библиотеката, туку тоа што кога седна во фотелјата и ја отвори големата книга на скутот пред себе, кучето скокна со двете нозе на фотелјата од зад него и се вникна доближувајќи му ја главата и допирајќи го со влакната на својата глава некаде по вратот како едно време покојната жена кога попатно му ѕиркаше во четивото, а што него благо го обеспокојуваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Свет што толку широкоградо и отворено им го нуди на сите вљубеници во убавите четива, особено на поезијата, на стихот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Ќе го развиете своето тело со тенис и пливање. Својот ум со одбрани четива.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ритмично уфрлам pop-corn во уста и ненаситно го голтам своето четиво: тука можам да дознаам дека Elvis Presley е жив, за тоа впрочем, сведочи жупникот Sam Beatty; дознавам дека Gary Cormier изградил подморница во својата гаража; дека Claude Marquezy, ограбувач на банки убиен пред неколку години, и понатаму ограбува како дух оставајќи им ги своите отпечатоци на немоќните полицајци; дознавам за мртвите домашни галеници кои се враќаат дома како духови;
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во четивото ќе се пронајдат и оние што се веќе тука, што веќе не ни приметуваат дека се ликови од оваа стрипотека.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Мислам дека ти е јасно колку интересно и поучно четиво би биле твоите показанија пред луѓето од Ѓорчета.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Недамна еден мој роднина кој живее во Лерин ми ја донесе книгата „Историја на грчката граѓанска војна“. Многу интересно четиво.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
До овде читателот се наоѓа во присуство на едно речиси реалистичко четиво со изострена иронија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Четивово е, всушност, „Разработен проект во неколку чекори за тоа како да си најдеш маж“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Пишувам ново четиво. Ново поглавје , дел од него. Но не можам сосема сама..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
По вечерата главна беше Мими: ги цитираше и стихотворбите, и четивата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Станува збор за нималку обична книга во форма на некаков политички манифест кој вооедно е и строго филозофско четиво, книга во која полемиката со есеистот Францис Фукујама се среќава со коментарите и расправите за Хајдегер, Бланшо и Левинас. И Маркс, се разбира.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
ПРИКАЗНА ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕТО За неверојатно кусо време (првиот дел на Маус е објавен 1986., вториот 1991. г.) овој „стрип“ стана апсолутно култно четиво.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Освен што е вџашувачки неписмен и преполн со коректорски грешки, текстот изобилува со речиси поттикнувачки небулози и дисоцираност, со што се квалификува, меѓу другото, и за забавно четиво (да цитираме пар „антологиски бисери“: „изнедрени од сопствените пазуви“; „судбинска неотуѓивост на право за мирно и макроко-смичко диспанзивна субвенција“; „апогејно-високодострелна нивелација“; „историјата е небеневолетна /веројатно „небеневолентна“, наша заб./ и согласна за слични примати историски отспаки /веројатно „отстапки“, н.з., но небулозноста, сеедно, фура/; „дрво кое со тек на времето прераснува во еднотелесна интегрална шума од бројни коридорни стебла“ итн.).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Четиво во читанката за прво или второ одделение.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Додека мекото тело на ноќта Ја открива својата сончева страна Ја слушаме тајната реплика На едноставното четиво за смртта.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
„Изборот на четиво во последно време во Скопје навистина е скуден“, му рече авторот на пријателот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)