чеша несв.
чешање ср.

чеша (несв.)

Навечер веќе пред портите на перифериските улици излегуваат жени и си ги чешаат јазиците.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се губи концентрацијата, кожата може да стане сува и постојано да ве чеша.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мене други муви ме јадат и ме чешаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Место да мирува како другите новаци, тој сѐ некако се врти, се чеша, ги врзува ремењето на опанците или врвците на чорапите, го крева нарочно отпуштениот кондил и сѐ главата ја криви накај клупата во која седи девојчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега не верувам дека ќе нѐ стрелаат, вели Лазор Рогожаров и си ја чеша истрижената глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Малку ќе се навали наназад, ги погледнува преку мевот, а потоа им го подметнува врвот од чевелот под слабините и со него внимателно ги чеша. Но не молчи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кожата ми се крева до под колена и ме чеша, ме јаде под завојот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Шеташе помеѓу масите, си го чепкаше носот и се чешаше меѓу нозете, обидувајќи се да им го згади ручекот на гостите кои му го окупираа тротоарот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Бидејќи јас не се осмелував да се поместам, таа го фати со едната рака за ременот околу вратот, и со другата почна да го чеша зад ушите, сѐ така говорејќи му дека бил добар пес, убав пес.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се чешаат така луѓето, ги полнат ноктите со кал и со кожинки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одеше до една бука преку потокот и, потонат во снегот до стомакот, го бодеше дрвото со роговите, се чешаше од неговата рапава кора.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Згора на тоа и неговата натечена вена почна неподносливо да го чеша.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се удираме, преку целото лице се удираме и после само се чешаме, се дрпаме по удреното.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И сѐ беше во некакво движење; говедата се митареа, чешајќи се по дрвјата, младото ветерче скришно се задеваше со овошките и овошките крцкаа, занишани и од цут, од пеперуги и од пчели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го врзувам Чако, а тоа само трепка и ме гледа зачудено. Потоа клекнува и со десната нога се чеша зад увото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се чешале и нерешително станувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога се расони, почувствува дека нешто ја чеша во главата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми стана чудно кога Баждар ја завлече влакнестата рака во внатрешниот џеб на палтото, бараше нешто ако не ги чешаше градите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ми навираат под кожата и ме чешаат по целата снага. Да сум заљубена, тешко.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се чешам по голото и одам да ја барам Оливера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе