чиниче ср.

чиниче (ср.)

Кутрето се налапа попара со млеко и муцка си изми во чиничето со вода.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Зрнце по зрнце со прстенцата го дробеше стиропорот во сините чиничиња.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Своите посетителки од селото Паца ги седнуваше на стол покриен со простирка со реси и ги послужуваше со по лажиче слатко во едни тантелести чинивчиња како напрстоци.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потоа донесоа едно чиниче со урда, турија маштеница и сите тројца седнаа да ручаат.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Додека мајка ми со каленицата беше отидена да пушти вино, баба ми во едно чинивче ја стави другата половина од компирите од тавата и, како со потфрлање, им ги подаде на дедо ми и на татко ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Келнерот донесе на масата врз татковите исцртани листови нова тура ракија со нови преполни чинивчиња мезе наполнети со јагнешки џигерчиња, сирење, туршија од модри патлиџани со лук. Честеше овој пат куќата.
„Граница“ од Луан Старова
Отспротива сјаеше и кујната, во која немаше ниту еден сад во мијалникот, ниту едно чиниче на масата или ноже на плотната.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се собраа и трите шарени топки, едночудо коцки, чинивчиња и лончиња.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа шетка по бифето и гледа во шанкот. А на шанкот чиниче. Во чиничето слатки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А сите надвор, со чиничиња подготвени чекаат по парче од колачот, за кој веќе знаеле дека ќе го јадат уште од моментот кога си се растропала со жицата во ванглата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше комплет со други такви чиничиња, но не толку убави.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се случуваше да плаче, зашто не сакаше да ја измијам, или да ми го преврти чинијчето со јадењето, поради кое јас и ќе ја потчукнев по рацете, но, за тоа никој не смееше да разбере.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Замислете ако Ели чинијчето со јадењето ми го превртеше на светнатиот чист паркет, кој мама со таква грижа го правеше лимонов и сјајен!
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Имаше чиниче со ајвар, чиниче со кавијар од модри патлиџани, чиниче со печени пиперки со лук и оцет, таратор, чиниче со потпечено козјо сирење, чиниче пинџур, со варени бамји во оцет и лук, чиниче варена боранија и динстувана во лук, чиниче со урда со црвен алев пипер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Ама најубавото ми е, - Дора погледна накај другите чиничиња наредени врз тревата, мислејќи дали би ѝ дала некое мало тавче, некое лажиче, како што претходно ѝ имаше дадено на Ане една кукла и еден комплет од моливи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Додека госпоѓата Камилска во кујната беше зафатена со подготвување на јадењата за послужување, Мајка на веќе седнатите Татко и Камилски им го донесе првиот подавалник со ракијата, мастиката и двете чашки, а потоа го постави на масата и поголемиот подавалник со раскошното мезе во повеќе чиничиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќофтето ѝ падна од раце, шлапна и се распадна врз чиничето со ориз.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Особено за нас, Албанците“, додаде тој, покривајќи си ја чашата за чај со чинивчето кога мајка му се доближи да му ја дополни.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Требаше и да му се брцне врвот од муцето во плитко чинивче, да не може да го пикне и носето па да вдише од течноста, и требаше уште да се наполни некоја плитка лимена кутија со песок за таму да мочка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе