чистка ж.

чистка (ж.)

Дури и жртвата на руските чистки можела да носи бунт во главата додека одела низ коридорот, очекувајќи го куршумот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гнидите политички го рушеа крстот а потоа правеа невиден прогон се сметаа себеси за посебна врста на градите имаа масонско лого Друштво им правеше куртизанка млада висока стројна ја викале Рада ја стискаа сите за бујната града го калеше стажот во странска амбасада Дојде време за конечна битка и одмазда на тие разбојници зли време за крвава масовна чистка за сите животи што страдаа од нив
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Приказната датираше всушност од средината на шеесетите, од времето на големите чистки во кои вистинските лидери на Револуцијата беа еднаш засекогаш збришани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислите и дејствијата кои, еднаш откриени, значат сигурна смрт, формално не се забранети, а бесконечните чистки, апсења, измачувања, затворања и испарувања не се вршат како казна за престапи што навистина биле направени, туку за да се збришат поединците кои би можеле да направат некој престап во иднина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но - иако тоа беше еден од престапите што обвинетите во големите чистки без исклучок го признаваа - тешко беше да се замисли дека таква работа воопшто може да се случува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште тогаш Винстон и не помислуваше дека луѓето кои исчезнуваа во чистките навистина ги извршиле престапите за кои беа обвинувани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега како да му се смалуваше милитантноста во однос на брзата чистка и пресметка со опасните турцизми, за која претходно се залагаше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Постарата генерација беше главно ликвидирана во големите чистки од педесеттите и шеесеттите години, а малкумината кои преживеаја, одамна беа испреплашени до тотално умствено предавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И двајцата мора да биле проголтани во една од првите големи чистки од „педесеттите.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Големите чистки во кои беа опфатени илјадници луѓе, со јавни судења на предавниците и на мислопрестапниците кои ги признаваа своите подмолни престапи, а потоа беа егзекутирани, беа специјални претстави што не се случуваа почесто од еднаш во неколку години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Или, можеби - што беше најверојатно од се - работата се случила затоа што чистките и испарувањата беа составен дел од механизмот на владеењето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)