читател (м.)

Хотелот се испразни како коњушница пред трки - поетите беа заминале по попатните градови на пладневни матинеа и средби со читателите пред да се соберат вечерта во главниот град на поетскиот митинг и приемот во чест на Златниот венец.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сметаме дека тоа ќе биде доволно за заинтересираниот читател да може самиот да ја провери промената која е коментирана.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
6) Напишете дијалог во кој двете личности имаат некоја тајна. Не откривајте ја тајната, дозволете читателот да ја насети.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мислам оти читателот без коментари ќе разбере што сакав во нив јас да речам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Претпоставувам дека под поимот читателот да се дразни со трикови, “уредник” го подразбирате лекторот.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Му оставам на читателот да пресуди околу применливоста на овие ставови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сметаме дека ќе биде интересно за вашите читатели ако им ги соопштиме имињата на оние бугарски претставители кои по 450 години на 15 март 1871 г. се собраа во престолнината на некогашната византиска слава и величие за братски да се посоветуваат како да си ја уредат својата црква на која до пред десетина години ѝ се закануваше опасност да стане плен на фанариотите; таа и денес од нив страда насекаде во несреќна Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А можеби затоа што секој понавивачки настроен читател е склон да биде по малку воајер кон светот на своите писатели.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И Речникот на идеите на излитените османизми, кој требаше да го придружува нивниот заеднички одбранбен текст требаше да ги повика читателите на разбирање и толерантност, на човековата природа, на нејзината бавна променливост во долгите временски интервали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во библиотеката го чекаше стоплениот стол, отворената книга и незаинтересираните тилови на другите читатели, наведнати над својот дел од масите додека во тишината на читалната се слушаше само повременото превртување на страниците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Најкорисните написи за читателите заинтересирани за современата уметност се написите за деструктивната реторика на авангардата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ние го наведовме ова за да се увери читателот сам дека било сосема неопходно вака да се случи и дека никако не било можно да му се даде друго име.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вистинската награда и вистинските задоволства ми ги доделија читателите кои ме опсипуваа со пофалби.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со запирка се бележат паузите во зборувањето кои одделуваат: реченични членови, вметнати делови и изделени елементи во составот на простата и на сложената реченица.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
Тие побудија интерес кај сите оние читатели кои се интересираат за класично потврдениот расказ, но и за посовремениот расказ, потем кај оние читатели кои трагаат по сложени техники на пишување и на создавање на светот на расказот, такви кои вклучуваат и интертекстуални цитати, асоцијации, алузии и реплики, иронија и интертекстуална иронија, херметични слики на светот, игри со сликите на светот и облици кои ја покажуваат моќта на јазикот на книжевноста да исполни со убавина и со возбуда, истовремено кога исполнува и со зачуденост и недоумица, кога нè обзема со силни чувства, кога нѐ ослободува од чувството дека сме немоќни и осамени, кога доживуваме психичка и морална катарза или прочистување на нашата душа и свест.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Целта на оваа вежба е да ја развие техниката која веднаш ќе го привлече читателот кон следниот параграф и ќе предизвика во него желба да тргне понатаму, бидејќи го приврзавме неговото внимание кон овој параграф, токму поради неговата занимливост. Ако не се извежбаме да пишуваме вакви параграфи, кои му претходат на дејствието, не можеме никогаш да постигнеме вистински суспенс.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Читателот не знае дека во телото на ламбата се наоѓаат две мали камери.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш, о, возљубени читатели, почувствував како некое топло ветре со миризба на босилек и темјан ми ги наполни градите и прилегна на местото, на празнината кај што ми беше срцето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Неговите авантуристички раскази за американскиот југозапад, Тексас и Централна Африка станале популарни меѓу читателите од моментот кога првпат биле објавени по дневните и неделните весници.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, расказите кои за свој предмет го имаат тој друг Град неповратно загубен, ја надополнуваат онаа „карика што недостасува”, па некои од читателите на овие страници веројатно ќе отидат да ги бараат местата каде некогаш се наоѓале Дрвениот мост на Вардар, Офицерскиот дом или скопската плажа...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Повеќе