членуван прид.
членува несв.

членуван (прид.)

д) Запирка се пишува меѓу придавките во набројувачка низа употребени како определби, т. е. како атрибути на ист реченичен член: Убава, стројна, калеша мома се појави тој ден во селото. – Тука треба да се вработат млади, умни, способни, самоуверени, квалитетни, доверливи, трудољубиви, енергични луѓе. – Им помагаше на сиромашните, бездомните, напуштените, осамените талкачи од градот. – Неговите родители беа мирни, чесни, вредни и добри луѓе. – За забавата не сакаше зелени, жолти или розови балони.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)