човештво ср.

човештво (ср.)

Тој веруваше во прогрес кога се совладуваа границите, наложени од морално поделеното човештво, само хармонизирањето на разликите може да ја оправда човековата егзистенција...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му се восхитуваше на тоа мало човештво составено од толку различни луѓе, кои живеат со векови заедно, без многу да се мразат, успевајќи да ги совладаат разликите, кои во другите предели на некогашното царство толку тешко се хармонизирале.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кажете го името на кој и да е друг филозоф што го задолжи човештвото?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во историјата на човештвото се случувало и порано измамниците да бидат измамени.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Човештвото се одржува благодарение на надежта дека пред него постои блескава иднина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На човештвото му беа познати над милион хемиски соединенија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Човештвото ќе се издигне од емоционалната затапеност и отуѓеност и достоинствено ќе излезе од демилитаризаната зона на глупоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Обете својот морален момент го црпат од човечката вера во централната позиција на човештвото во универзумот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Еднаш Игор Лозински му рече на Татко, а на тоа сега убаво се сеќаваше додека се ближеше кон крајот на истекот на реката, дека руската емиграција е нов феномен во универзалната историја на човештвото, што можеше да се спореди само со егзодусот на еврејската дијаспора.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
86. За нив човештвото има поголемо значење од Бугарија и затоа повеќе ги интересираат нив Швајцарија, Соединетите Американски Држави и нивната историја, отколку Бугарија со нејзините национални интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не случајно на нишан на стратезите на комунистичките идеи беше апокалипсата, визијата од светите книги за крајот на човештвото, историјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Подоцна се знаело дека бегале од чумата, од тоа вековно страшило на човештвото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Возврати со чистинка на грлото низ кое зборовите се истураа сами: - Највеселата вечер на човештвото ја прогласувам за отворена!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
На Германците Ренан им замеруваше дека сакаат да се затворат во својата нација на сметка на индивидуалното право и по цена на разбивање на човештвото во хетерогени фрагменти.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се останува по старо џелатите станаа современи слободата е фрлена на колена чуствуваш духот е во зандани Едни злосторници заминаа но дојдоа нивните внуци џелатите се вртат во круг ги слушаш истите звуци Човештвото полека изумира светот е цел во метастаза а надежта остана во кутија се острат и неа да ја згазат Луѓето умираат во незнаење несвесни во илузорно постоење некои се мртви од раѓање а деновите им служат за броење Премногу животи одземени изгазена е совеста чиста премногу солзи пролеани а судбината остана иста
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Во очите на големите европски просветители, шпанскиот злостор наспроти судбината на Андалузија не беше само контраст туку и модел за човештвото за толеранција и хармонична коегзистенција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Фрустрации Кастрации Но од каде постои толкава мотивација За една ваква здодевна нарација И потреба за патронизација На тема што бара будна опсервација Човештвото подлежи на вечна деградација Есхатологија - неминовна девијација Ќе речете - тоа е - модернизација Чекорење во простор без гравитација Кај владеат закони за левитација Без можност за поинаква визуелизација Без концепт за креација И само манипулација...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Резултати без зборови, тоа е деноноќна работа на моќните... а моќта е начин и умеење како, да се владее со човештвото... моќта е сираче без резултат!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Проблемот на балканските недоразбирања се поставува на глобално ниво: се говори тука и за стремежот да се создаде еден јазик за целото човештво, па, да речеме, се тематизира епизодата (а може и многу да се научи од неа) со обидите за создавањето на есперанто.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова се случувало на празничните денови на Римската империја, но во денешни времиња човештвото осудува на мачеништво и свирепа смрт милијарди животни, размислувал утешно стариот Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе