чувар м.

чувар (м.)

Отвори ја портата на срцевата градина, чуварот потонал од уморно чекање.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Одвај го распозна чуварот. Неговата фигура ја виде чудно изменета во трепкавата светлина од фенерот што му се лулаше во раката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се протна под рампата, го премина просторот до влезот на кој наоружан со револвер на појасот и со рацете на грбот стоеше чуварот кој му се испречи на патот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Арсо го отпетла синџирчето од елекот за да му помогне на чуварот бргу да му го извлече часовникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од ѕвездите и чуварот ноќен Гласот го обојува утрински Телефонирајќи здодевно И бесцелно за да го успори чекорот Оттргнувајќи го погледот од улицата Ја пресоблекува влажната кожа Ја везе со усвитениот знак на плотта И ја слуша песната на петелот Вивната во крвоскок до небеса
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Никогаш не знаеше дека оженетиот маж не е секогаш неприкосновен чувар на своето морално поле, на својата ведрина, на своето ментално и емотивно спокојство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Да се знае и да не се знае, да бидеш свесен за целата вистина и да кажуваш внимателно исконструирани лаги, да имаш истовремено две мислења кои меѓусебно се исклучуваат, да знаеш дека се контрадикторни и да веруваш и во двете; да употребуваш логика против логиката; да ја отфрлаш моралноста и истовремено да полагаш право на неа, да веруваш дека демократијата е невозможна и дека Партијата е чувар на демократијата; да заборавиш сѐ што е потребно да се заборави, потоа сето тоа повторно да го вратиш назад во сеќавањето кога е потребно, а потоа брзо повторно да го заборавиш: и над сѐ, да го примениш истиот процес над самиот процес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Младичот од онаа страна на улицата со гримаса на устата гледаше во овој чувар на редот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Муслиманите се јавувале не само како чувари на христијанските обичаи, туку и на христјанските богомоли.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од друга страна, некои од нив изгледаше како да се во добри односи со чуварите, им се обраќаа со прекари и се обидуваа да добијат некоја цигара низ шпионката на вратата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И сите казни ги истрпува и останува ист: непомирлив, груб кон чувари и кон затвореници и попушта апсаната полека но сигурно и Џемал-ага ги заробува душите на управници и апсанџии.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Накострешената фигура на Глигора заплашувајќи се наведна над чуварот и овој се посмали и стивна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа беше постар граѓанин, во службеничка облека и неговата појава можеше да се објасни само со присуството на дрвената билетарница што беше затскриена во честакот од неколку стројно израснати кипариси што во темнината потсетуваа на вистински чувари.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И тоа што учел им дојде згодно на пријателите на Борко да го искористат и да можат да кажат Симон да биде чувар. Земаше редовна плата за тоа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Стаписано подзастана и се сврте назад. Чуварот уште ја држеше раката крената до слепоочницата во знак на отпоздрав.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа успеа да стане чувар на куќата во која тој беше роден и го чуваше стариот гуштер во бавчата, кој имаше обичај да си го влече огромното тело низ дворот и крај пчеларникот, или со часови да лежи на сонце.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Чуварот се тетеравеше по нив.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во историите на Партијата, се разбира, Големиот Брат фигурираше како водач и чувар на Револуцијата уште од нејзините најрани денови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знам, вели таа од другата страна на оградата што ја одвојува градината од уличката, знам, ти не беше со булукот бегалци, отпосле се јави со ова китче во рацете и со овој чувар крај себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Овие археолошки антиквитети се препродавани на аукциите, заштитени од вооружени чувари во подрумските галерии или во палатите на богатите колекционери.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Повеќе