чудење ср.

чудење (ср.)

потем се наслутува сѐ почесто во глувиот ноќен јасник како слана (во споредба со неа, снегот е мек и топол, Господине) во забраната да се верува во чувствувањето срам да се признае мечтаењето по неа и скришното вљубување во зазорот и распрашувањето за смислата на животот (најдолгите чудења се загушени од банални спреги) во сѐ поприсните признаци од сонот - таму кајшто живееме однапред, повторно и можеби безгранично, таму кајшто времето не се мери со просторни величини и кајшто, конечно, не се дели иако, да признаеме навиката да живееме раздвоено нѐ збунува сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме да ја избереме спалната, креветот да постелеме нови чаршафи само за една, за наша употреба купуваме ноќници за истата прилика се тревожиме од наглите отворања на вратата низ којашто проблеснува вселената сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Откако положи цвеќе и се помоли во незадржан плач пред гробовите на својата мајка и сестра, ќе положи, на чудење на сите, китка цвеќе и на гробот на диктаторот Енвер Хоџа, кој не ѝ дозволи на светицата Мајка Тереза да си ги види своите додека беа живи, а ниту да присуствува на нивниот закоп во Тирана.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Прстот во устата на продавачката беше израз на чудење.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не бев ни забележала дека веднаш по мене излегле двете машки деца од братот на Вера и со чудење и нејасно за нив сочувство гледаа во мене.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
После сите ми стегаат рака и со чудење ме гледаат во мевот, кренат до под гуша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И гледам чудо за чудење: едни големи пилишта се тепаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На свое чудење, кога стана островото, Мече усети дека под нозете му зашлапа вода, а после малку време и тлото почна да се лулее.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Оваа состојба почнува ненајавено и ненадејно во вид на восхитеност, блаженство и екстаза од животот на обичните луѓе, преплавено со блесоци на убавина, љубов, духовно - сексуално искуство, совршенство, стравопочитување, естетско или креативно чудење, увид или визионерско доживување, како што во своето творештво го соопштува, да кажеме, Вилијам Блејк (William Blake).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се чудите зошто ви го велам тоа? Не е за чудење. Не чудете се. Причината е многу проста.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Гледал народот со чудење и страв во отворениот гроб, а таму лежел Сане Сандин со качкет на главата, со црвен минтан, со чевли од мукава на нозете.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Боже прости ми, таман почнаа да ме облазуваат чуденки и грешни мисли, кога на телефонот стаса нова порака: Се извинувам, пораката летна на грешно место.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Како кога во игротеката ќе застанеше крај импровизираната кујна: таман ќе почнеше божемски да ги мие садовите, девојчињата кои притоа мораше да ги избутка за да дојде до лавабото застануваа до него наредени како пивски шишиња и со чудење го гледаа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И тој почна божем со чудење колку е зол светот и грди луѓето, та зборуваат најгнасни работи, што еве тој, како добронамерен и пријателски настроен човек, демек, ќе ти ги кажел.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И наеднаш, и нему за чудење, клопчето на мислите почнува да се отточкува само од себе, спокојно и правилно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јосиф го набрчка челото во знак на чудење, но спокојно продолжи по патот, решен да го помине целиот ден во безделничење, преместувајќи се од клупа, на клупа, а и како да не се преместува, кога на една фалеше даска за седнување, на друга даска за потпирање, на трета, ногарки...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Зборовите изразија чудење каде тргнале по ова време.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но тоа и не е толку за чудење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Уште еднаш, јас разбирам дека вам ви е чудно што на вашата книга ѝ се дава таква интерпретација, но тоа не е за чудење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
— Бре, бре, бре! Уште ова не беше се чуло: рисјанец да дигне рака на Турчин! — се чудеа полјаните по тие села. Но насекаде таа постапка предизвика чудење и некаква кураж кај христијаните, а извесен трепет и гроза кај Турците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ми личат на чуденки кои заскитале по патеки што водат низ ормани, честари, гори!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе