чудно прил.

чудно (прил.)

Ништо чудно, што се вели, никогаш ништо не се знае за луѓето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одвај го распозна чуварот. Неговата фигура ја виде чудно изменета во трепкавата светлина од фенерот што му се лулаше во раката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ме гледа чудно и изненадено.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Хм, чудно ... (овој сигурно не е од високото општество).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Полето врело клокоти под ова црвено небо птицата чудно цвркоти крај еден овенат шебој ноќта необично глува за оваа доба од годината гората пеколно сува една ѕвезда од небо е скината Еј ти усто зината во нас пленот што го препозна животот вреќа е скината со староста тоа го дознав 2002
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Тој сега разбра само толку дека и едно обично тенџере со капак, кога во него врие вода, може да се преправа како мечка и да плаши деца. Ама чудно тенџере!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јас бев зелен вир на многу дни од штедрост сега молчам сосем жолто За старецот во мене не плачат и грубо ќе ме натрупаат в кола Но сепак едно сеќавање имам: корењето ми остана на брегот Брег од риби и од камење каде растат многу млади дни Трева бев ќе бидам трева пак затоа така чудно мирисам
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Чудно, по радосниот, празничен ден, јужниот ветер, влагата што ја носеше тој, постојаното бучење на шумата, вселија во душата на момчето немир, нестрпливост, раздразливост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Чудно е зошто не замолил да биде насликан нејзиниот глас што момчињата го носеле како молитвеник во рацете.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На одење тој малку чудно се држеше. Ми се чинеше - му е жал што си оди.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Некако чудно го погледнало и нему му се сторило дека му се смее в очи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Седел со пушка на коленици и наведнат, некако чудно и длабоко под превезот на свои тајни, што бездруго не можело а да не се поверува дека веќе и не сонува да ѝ стане чауш на дружината ако некогаш некој занес го подбуцнувал кон таква славољубивост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина седнав и тоа со некое чудно чувство на повратник, кој помислува дека втасал дома но не смее да ги отвори очите бидејќи се плаши од разочарувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И да не ти е чудно ако ги најдеш да печат шилеже.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од градите до песната од чекорот до чешмата сѐ е чудно разгалено.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Во таа илјада деветстотини четириесет и осма светот доживуваше чудно лето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А таа се движела чудно згрбавена над леите во кои ќе сади арпаџик или лук и, иситнувајќи ги секаквите грутки ѓубре со прсти како со грибло, ја риела земјата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Знам дека може да ви изгледа чудно - реков - но при сегашнава раздалеченост од сите тие разговори можам да тврдам дека средбите со замислените татковци не се остворуваа само во тие случаи кога не ќе го совладавма пределот на она магливо заскитано време што секогаш талкаше помеѓу мене и нив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Чудно ми е како тоа две години од мене постаро момче може толку да се лути заради овој невин прекар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не е чудно што во тоа време моето внимание е свртено кон самите нас и нашите младешки односи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Повеќе