чудо (ср.)
„Што станало со мачката на директорот?“ ги праша не очекувајќи чудо - чудата лазеа околу него со жилавост на пиреј и троскот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Како преку ноќ да станало некое чудо, тој трчаше неуморно од едниот крај на другиот, носејќи им студена вода на жедните бригадирци.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Отпрво претседателот на градот и одборниците радосно си ги триеја рацете, мислејќи дека со огромното злато што им го донесе некакво чудо, ќе можат да ги решат сите градски проблеми.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Кон него веќе ројот од бубачки ита мравката тревата ја напушта црвецот кората и пчелата веќе кружи над пролетното чудо.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Расеано ја слушав неговата лекција за седумте чуда на грчкиот јунак Херкул за кого ни прикажуваше на свој начин.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Штабот на бригадата најпрвин гледал без разбирање во човекот под мантија како во чудо дојдено од старовремски атари.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И добиваш желба да те даруваат твоите деца со такво чудо со проѕирен поглед.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Да може да стане некое чудо како во приказните од „Илјада и една ноќ!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Познато е дека Македонија со своите млади високообразовани, но и невработени кадри кои немаат средства за егзистенција можат да направат економско чудо доколку го понудат своето скапоцено семе.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Сега им стави хмељ и вода и истото старо чудо пак се повтори.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
За големо чудо на сите ни успеа да го повлечеме првиот чад.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Целото село се сјати да оди да види што чудо се случило.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ела, - му рече насладувачки полека, - Ела да видиш чудо невидено, - му рече.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
АРСО: (Ја брише потта.) Е, ова е вистина чудо, кога го вратив!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Не е чудо Турците да дојдат да ја бараат.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Од чудо бунарите зинале и друмовите на пат заминале.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
И за чудо беше. При такви услови на животот оваа беговска стока се множеше од секоја друга повеќе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се огледа на малечкото огледалце и за големо чудо — не можеше да се познае дека е таа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Како можеше во толку летни ноќи толку соништа да се претераат, толку чуда да ни се пресенат?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)