чума ж.
чумав прид.

чума (ж.)

Како да бевме лепрозни! Како да носевме на бродот чума.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Замислете си некој со вас да не сака да се дружи и сите да ве избегнуваат како да сте чума.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пријателот ќе го заврши својот совет со сентенцата: „памти ми ја думата: внимавај на чумата“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Врз зеленчукот и врз дрвјата падна проклетство да умираат од потајна чума.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Закопувањето го обавуваше клисарот Нестор кој веќе во војните ја имаше преживеано чумата и не се плашеше од неа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се чинеше божем тука поминала чумата и сѐ усмртила.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сите знаеме дека глувците ја пренесуваат чумата, но знаеме и дека чумата одамна е искорнета од светот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Полковниците одеа по кметот и учителот и се загледуваа во оние куќи кои беа обележани со црни знаци - чумини точки останати од времето на војните кога се обележуваа заразените куќи од чума.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Впрочем, без оглед на состојбата во која се наоѓале, таа пролет била доба на секакви визии во чии магли можеби и бегот, стопанот на неколку воденици, ги претчувствувал патниците со двоколки под знамето на чумата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа доаѓала на своја грбава маска чумата и со чурлавата на здивот ги задушувала луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ноќе чума ли одеше плод од поле ли береше - амбар селски пуст остана!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Чума да им никне во срцето. Ама сега почнавме и ние да крадеме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Подоцна се знаело дека бегале од чумата, од тоа вековно страшило на човештвото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во историјата на театарот постојат податоци кои зборуваат дека театрите и театарџиите многу одамна ги сметале како чума во градовите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во тој случај, тој ќе им плука во бунарите и сите ќе ги зарази со чума и сите тие во претсмртното стенкање ќе заборават на рајот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како чума да минала низ градината како офтика црна во домот та гасне полека сѐ во беспомошноста на векот и човекот и радоста на човекот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Нивното движење беше нивни живот без страв од бегови и од чуми, и затоа уште позагатлив во својата величественост. На патот се исушив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не гледајте во небесата со гневни солзи во очите, не молете се вашите душмани со ровја и чума да ја сетат силата Божја!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Некој ѝ се чудеше на прикаската: удрила зла чума на царските синови и ги ничкосала, најмалиот останал жив за да се бори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе