чупале (ср.)
Кај вас, во Потковицата, ме испратија Ончевци, (делениците Акиноски кои живееја во Солун по стрикото Максимов Онисми, нагалено Онче, се викаа Ончевци и таму, во Солун, го држеа Бошњак Ан), тие ме испратија кај своите деленици во Битола, а тие овдека, на Имотот, за да го засолнам чупалево.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А уво што бери многу и многу боли, ни рече. Испрепатило чупалето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но како од страв, да не ме сетат кодоши не смеев да се јавам на Имотот, а како кај вас уште оттаму, од брдото, (од Зедница) видов дека свети, и како сте вие прва куќа после Имотот, решив кај вас да се јавам и вам да ви го оставам и коњов и чупалево.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Чупалево ќерка ми е, Драганка се вика; мајка ѝ умре ланска година и нејзиниот гроб таму остана, во Солун.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А чупалето, и тоа навистина беше небаре царско, небаре вистинско цариче, сето облечено во коприна и бело на лице, го остави кај нив, за ако не се врател да си го земе татко ѝ, тие да го пораснат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сеедно што, ако беше така, ако свети Јован Крстител го одвел Бошета, остана отворено прашање кое беше чупалето - Божја ќерка?! - кое беше лично како цариче и кон кое и сами Јанческите и сите другите се однесуваа како да е навистина цариче, (Јанчевци од залакот си делеа за да го облекуваат во коприна; дури и градски кревет му купија, го поставија во женската одаја, веднаш под пенџерињата што гледаа во дворот и на гумното и двојно ги зарешетчија), а тоа заедно со децата Јанчески и заедно со сите деца од Потковицата си играше и си растеше со ништо не разликувајќи се од нив, ниту во игрите ниту, пак, во говорот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А и чупалето не е некое чурук! Не гледаш? Како киска е накистено, младо, па не и ни некое грдомасно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Владичкото ќе си го плаќаш и готово: само барај некое чупале, оти вој пезевенк ве остави та бабата веќе не може да а гледа куќата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)