чупа ж.
чупале ср.

чупа (ж.)

- Касметлија... касметлија си, сестро. И не бери гајле. Ќе ја носиме чупата најлесно што ќе можеме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Селото го изгоре аскерот два месеца откако ве собраа вас чупите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„'Рѓо 'рѓосана, Досто! Си видела сомун, па сакаш погача. Не ти е доста чупе, па требело и дете. Море, дертот ќе го вате ошче еднаш јас кога ќе стенкам долни крај, душата да ми излева!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да се седиш мадро, неќу јас заради тебе да ми се смеат чупињата!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– Сакам да проговорам дека сите наши чупи си бараат касмет меѓу нашите ергени да се задомат, да си имаат една заштита, една сенка над главата...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Откако на долната порта излеговме од црквата, мажите почнаа да пеат извикувајќи колку што можеа погласно: Крсти креваме, Бога молиме, Да ни се роди Жито пченица И бело грозје И машки дечиња И женски чупиња...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Ѝ ја мазни косата, ја гали, ја бакнува и, не можејќи да прифати дека ѝ ја нема плетенката, со ожалостен и разочаран глас вели: - Никоја чупа како твојта плетенка немаше...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога сум се родила јас сите биле многу среќни, бидејќи во пет браќа се родило и едно чупе...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И уште ни кажа дека чупето немало шушумига, туку дека увото ѝ берело, ѝ гноело.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите, и старците, и бабите, и децата беа закитени со кивчиња од џунџуле и босилек, ги носеа на капите, на дартмите, во косите над десното уво, на облеката на градите, а чупите на главите носеа венчиња од малиново дрво и полски каранфили и во рацете црвени рози.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога ја видов не почувствував никаква блискост кон мајка ми, а и таа кога ме виде рече ... е ова не е моето чупе, такво бледо и слабо!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- А ти, сестро, да не си ѝ мајка на чупата? – праша пониската, цела во црнина. - Мајка ми е - се одгласи Циљка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас ќе вријам од лутина, а тој пак исто: Ти си убаво чупе, но улаво чупиште.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Доста жива вземи пропадна од срамови што си го пушти чупето само на училиште, ама веќе се стори.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И седенките, кога чупите од село се собираа и со шега и песна плетеа чорапи, фанели, капи, нараквици и малини, а беќарите - мајтапчии, вртејќи синџирче на прст, ги задеваа оние девојки кои имаа фрлено око. И тоа беше дома...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во тој момент нејзе ѝ беше сѐ едно: чупе дете за неа беше нејзина рожба, нејзина среќа и надеж во животот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Којзнае кај ни скита чупето, си велат сега дома, којзнае кај му ѕемнат ножињата, прстињата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На Имотот останаа да живеат, под закрила на Началството на Потковицата и на луѓето кои живееја и работеа на Имотот, сираците на закланите Младена и Спасија Акиноски, шест машки деца и четири чупиња.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стојан се насмеа слатко кога стрина му Митра му рече дека неговиот другар Крсте се жени и дека треба и тој да бара чупе да се жени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еееј, докаде достигнаме ние мариовците! Ни по градишчата чупињата не одат на школо, а ние во Мариово тргнаме веќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе