шавнува (несв.)
Знаат дека веќе доаѓа времето кога мора да заминат кај својата мајка и својот татко чии кадра одвај и да шавнуваа пред нив.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Уште ми шавнува нивното подзинување и нивното замалено викање: лепче, лепче!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Низ прозорчето што гледа наваму се подава издупчен ќумк и во мигот исфрла клопчиња црн чад. Никој не шавнува од тајфата на Дине.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)