шамар (м.)
Во ситуации во кои настојуваме да го задржиме достоинството, кога не можеме повеќе да живееме од милостината на другите, доживуваме жежок шамар на ненадејно просветлување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
А точно за тоа ние донесовме решение — ти да ја земеш, за да доживее уште еден шамар.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Тој не ја погледна, но проговори нешто нејасно, а потоа веднаш се извини за, како што рече, „непристојноста на еден шеесетгодишен старец,“ на што Софија му влепи шамар и со тоа заврши сцената, бидејќи таа во истиот миг стана и со брзи чекори излезе низ вратата на ресторанот, силно удирајќи ја зад себе.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Не дека не се прелажа многупати поради тоа, не дека вниманието што го покажуваше за сѐ не го плесна како шамар.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кога одекна плускот на шамар, неколку од нив одеднаш станаа, возбудено погледнувајќи кон сепарето, но Тихомир ја испружи раката пред нив како рампа, давајќи знак за смирување.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ако го трансформираме внатрешниот свет на нашите души ако се ослободиме од темните сенки на нашето минато, од разочарувањата, неуспесите, траумите, понижувањата, ако научиме да го контролираме минатото, нема повеќе да го носиме како тежок товар, нема зошто да жалиме сѐ е добра лекција, шамар за освестување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Бордо костумот, кој Александар го потсети на еден популарен фолк пејач кој што редовно ја пополнуваше новогодишната програма од времето кога Алек беше дете ѝ стегна еден шамар на Александра.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
- Мора да инсценираме инцидент - извика Дулитл. - Прво ќе ни удрат 2 шамара па после ние ќе им удриме Тв офанзива - се протресе падавичарот Кољо.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Давам љубов, кога се фини, мавам вербални шамари кога се лоши.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Е, тоа се најжешките шамари на животот, крвава иронија на судбината!
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Инспириран од случајот на првата официјална женска туча на плоштадот во Скопје каде неколку скопски шмизли се изџигерија меѓу себе со шамари и боксои поради богат момак кој се вратил од гурбет ме наведе на една анализа на овој феномен кој е сѐ поактуелен во нашата посткомунистичка транзиција.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)