шамата (ж.)
Вангел Русјаков е сосема до неа, тие безмилосно навлегуваат во неговите очи, ете, да не е оваа шамата што ја накрена жена му, ако ја пружи раката ќе стигне до разделот, ама од пусти срам, а и поради тоа што таму од кај другиот ѕид ги должеа вратовите машките на Коста Ципата, се заврте на кај Милка, се сви околу неа како колак и чиниш веднаш продолжи да спие.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Мајката Перса и малечката Пелагија веќе стојат на прагот па радосната шамата сосема го истиснува сонцето, а и златните зрнца од нивните коси и алишта.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
МАРА: Ами како! Локај, локај и најодзади и некоја шамата направи...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Во една таква шамата не ги ни чуја шлапкањата надвор по вировите, ама кога во влезот се растропаа котлиња кога некој не ги погоди басамаците и бапна во темницата, многу глави се свртеа кон влезот во просторијата на кој немаа ставено препрека.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Големата шамата стигна до човекот во главата на возот и оти што туку се засилуваше успеа да го запре со неколку повлекувања на кочницата чија сила помина под вагоните како миговна секавица среде лето.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)