шамија ж.

шамија (ж.)

Откако ќе се исплискаа и освежеа, се враќаа пак назад, бришејќи се со своите големи шамии.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Селаните ги симнаа белите шамии од главите Добитокот грозно рика запретан во пепелта на летото И гласот му се престорува во ракопис на дожд.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се вртка, се шутка дури не му направи Ристе ишарет со очите да му ја извади шамијата од уста. Тоа го направи без мака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И после ја натерал да врзе црна шамија и да клекне да го истажи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Позади нив е кумата со сито под левата мишка покриено со шарена свилена шамија, вади од него овес помешан со бонбони и фрла над главите од младенците.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таа ги навлажни само усните и го накисна едниот раб од црната шамија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги извадија од пазувите белите шамии приготвени уште откако се решија да бегаат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Клекнувам до него и со шамијата од глава му го бришам челото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се изви по прашниот пат надолу нејзината колона, песна се огласи по полето и долго низ зелените перки на пченките светкаа белите шамии на бригадирките, а високо на синото небо се оцртуваа лопати и копачи. Малиот водоносец остана сам на празната полјанка пред логорот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Солзите си ги забришувам со работ од шамијата и куцам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пред неа одеа три божји крста, а зад неа гологлави мажи и забрадени жени во црни шамии.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури и кога се ставаа покривите на куќите и се вееја новите алови шамии, чорапи и ризи, и со викање, да чуе цел град, им се пожелуваше среќа на дарителите и обилно се пиеше бела гроздова ракија, дури и тогаш Аргир не разведруваше чело и не се насмевнуваше, да отпушти благ збор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кренавме врева, почнавме на мајка ми да бегаме додека Киле послушно веќе си ја врзуваше шамијата преку капата и преку ушите и под брадата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Жената си ја потпикнува косата под шамијата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас побрзав внатре во куќата, плашејќи се Вера мене да не ме праша која беше таа жена со црна шамија на главата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Над чардакот обесен бајрак накитен со шамии и цвеќиња, а на врвот наврено јаболко.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тоа биле поцрнети и исушени луѓе со опаки очи и без насмевка; некои од нив, со завиткани шамии и крпи околу главите и рацете како воскреснати чкулави Лазари што знаат дека само двапати се живее, се сеќавале на вчерашниот живот и на мракот во тој живот потежок и од умирачката, на тоа химерно џвало на кое ни стробјак ни џуџе не му бега, но светлоста на утрото обилно доаѓала од исток и ги бришела од очите на призраците суровите сеќавања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ѝ реков дека ќе го побарам и ќе говорам со него таа од радост ми подари и нова шамија за глава.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ги тргнуваат шамиите преку лице и клекнуваат ко кукмарци, се губат меѓу шалварите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најдовме и некои крпи и си ги врзавме, ко сведени шамии на главите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе