шампон (м.)
Им препорачував каква крема да си купат, кој сапун ќе им ја излечи егземата на кожата или кој шампон ќе им го спречи опаѓањето на косата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Со испружена рака да ја симне етикетата од шампонот?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Потоа ќе ги забележите стаклените шкафови што содржат импресивна колекција на прибор за пушење и предмети во врска со дрога, од разни цевчиња до шампон од марихуана, „liquid XTC“ и смарт друг прашоци, плус две големи кутии со кондоми.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Како во некоја страшно изедначена трка на 100 или 200 метри, кога фото-финишот решава кој ќе биде шампон.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тој ме праша дали се сеќавам на шампонот со кој сум ја миела косата додека сум била во училиштето; реков дека не.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тушот ѝ ги полни дланките со вода и таа во нив ја истиснува белузлавата ејакулација од шишето шампон.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И секој ќе добие по едно шише шампон...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ја истури содржината на џебовите од пантолоните и палтото на полицата пред себе – билет од синоќешното кино, сметка за струја, во внатрешниот џеб наоѓа мина од хемиско, сигурно внатре му е сѐ измачкано од мастило, но картичката ја нема. – Дај ми го шампонот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ете што ти е тоалетното креденче... Тоа кремчиња за лице и дневни шампони.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)