шансона (ж.)
Престана да џогира, да слуша француска музика, да пее шансони под тушот и да се обидува да учи француски.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Париз градот на романтиката, на шансоните, на шармот... и на сѐ уште што не стана моја реалност.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
И Климент Камилски, во младоста, особено за време на студиите во Франција, беше љубител на добрата чашка, добро ги познаваше најдобрите француски коњаци и париските шансони од триесеттите години.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Хермоген: Како би можеле поинаку, Сократе? (Платон: „Кратил“) Натажената париска есенска влажност, со капки дожд, кои и кога не врне, се посеани на прозорецот; на симсот – секогаш неколку мокри, валкани гулаби треперат од студ, а над нив, стуткани, надлетуваат големата мајка, мразната птица од Сена, носејќи им во клунот парчиња магла, рѓосани цефки од речните лаѓи, гнојни шансони на умирачкиот гамен...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ја слушам шансоната на Марк Антони. Пее за неа, колку ли многу ја сака, колку многу му е потребна.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Унгарски чардаши со лути унгарски специјалитети. Валцери на Штраус. Тиролски песни. Француски шансони. Шпански тарантели.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И тука имаше некој мотив, па почна да пее француски шансони под тушот - и наутро и навечер - при што не можеше да го слушне само таа, туку и целата зграда.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тогаш сѐ ти е и чардаш, и валцер, и шансони...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На планот на забавата во Софија на удар се многу ресторани со музика, кои младите не ги поднесуваат затоа што во нив се пеат и свират стари песни и шансони.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)