шеговито (прил.)
Го заплиснуваше со сите изглодани мрши и со сите свои соништа, она обезличено суштество на три нозе, кое просто цвичеше, сонувајќи за тоа свое очекување, лижејќи ги неговите стапалки во снегот, при што носалките му се собираа и му се грчеше неговата остра муцка, а притоа од таму доаѓаше и некое на прв поглед ќе речеш презриво, шеговито мрморење низ полузатворени очи, потсветнуваше едно чудно здрава белина на неговите очници, обвиткани во розовоста на неговите непца.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Има и од пиле млеко, - ми вели човекот, ем шеговито ем со блажена насмевка на лицето.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
И потоа: размислувајќи на темата - детска љубов, или љубов на детски начин, не можев а да не ја спомнам оваа преубава книга што на поетски начин, на другарски начин, малку тажно, повеќе шеговито, ја обработува првата детска љубов.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Целата болка на постоењето е уништена од огромното задоволство што произлегува од играта со неа; креаторот на световите, Брахма, се смее во себе додека ја перципира илузијата за самиот себеси; повратената невиност шеговито си игра со трњето на оправданата вина, еманципираната свест се подбива со неволите низ кои поминала.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
- Ние имаме повеќе ловџии од зајаци и еребици! - му дофрливме шеговито на Коле.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
О'Брајан беше голем, крупен човек со дебел врат и со грубо, шеговито и брутално лице.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- А, вие, да не сакате да умрам за да ја „лапнете“ куќата во Влае, а? - шеговито додаде и ми намигна.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
„Некој мелез“, шеговито рече господинот Гологанов.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)