шеесетгодишен (прид.)
Тој не ја погледна, но проговори нешто нејасно, а потоа веднаш се извини за, како што рече, „непристојноста на еден шеесетгодишен старец,“ на што Софија му влепи шамар и со тоа заврши сцената, бидејќи таа во истиот миг стана и со брзи чекори излезе низ вратата на ресторанот, силно удирајќи ја зад себе.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
По сѐ изгледало, војникот со шлем и со машингевер на градите, извидник, курир за воени врски или паничен дезертер пред пропаста на Хитлеровиот Рајх, бил убиен од некој шеесетгодишен свештеник Доситеј Давидовски со куршум на тулски нагант од заводот на императорот Петар Велики зашто црниот мотоцикл го присвоила месната црква.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Инаку, како беше можно да се објасни еквилибристиката на шеесетгодишниот алкохоличар Роналдо Гонзалес, кој одеше на една нога по жица, со жена на грбот, или трапезистичките точки на Ина и Светлана Коленина, вратоломните фигури на групата акробати од Латвија, или пак фигурите на жената од гума – Аманда Заморано, што можеше да пуши цигара со нозе, и тоа свиена во половината преку грбот, легната на стомак?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тие се раѓаа, растеа по сокаците, почнуваа да работат на дванаесет години, минуваа низ кус период на расцутена убавина и сексуална желба, се женеа на дваесет години, беа средовечни на триесет и умираа, најчесто на шеесетгодишна возраст.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Полицијата, придружена од педесетина жандарми со вперени револвери, и Албанци вооружени со стапови, навлегле во дворот и првин убиле еден шеесетгодишен бездомник, кој често тука спиел.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)