шеретски (прид.)
Па шеретски се смешка и ми прогледува низ прсти како мангуп зашто и Бог е само човек и, бидејќи беше – не беше кога ми требаше, сега и мене и на сличните на мене безрезервно ни ги напојува батериите, па дури и кога меѓу две тесни здолништа не можам да одлучам, како да го слушам него и неговата поддршка за оваа, во левата рака, со повисокиот шлиц.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
На плоштадот, под дивиот костен, на влезот во уличката кон Главната пошта и амамот, чистачот на чевли Кадрија, откако ги напика кај глуждовите картончињата за да ми ги заштити од боја чорапите, ја крена кон мене шеретската насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Шеретски ме погледна дедо, се потсмевна под мустак и продолжи: - Така де, во книгата не пишува така, ама со умот треба да си кажуваш.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Да не ги жалиме многу“, рече сега потивко амамџијата, и намигна шеретски.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Така беа осудени на неразделност, исто како кога се водат со еден чивт лисици коравиот убиец заедно со некој шеретски престапник. Тоа беше онаа скршената нога.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се смешка тој сосем поинаку отколку што би сакал јас, сосем неизвесно од мојот чувствен живот, ѝ се смешка за своја сметка, шеретски и дури безобразно.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Таа шеретски ги подигна веѓите и се понасмеа Ги изреди Бојана сите гости со ред со по една ракија, повтори уште по една.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Авторот баш сакаше да знае што е романот според мислењето на овој обичен необичен човек, но овој молчи шеретски гледајќи го авторот право в очи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Стана кајмакамот, почна да шетка околу ибн Бајко и да го разгледува шеретски од сите страни.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)