шеријатски (прид.)
Врвен познавач на шеријатското и модерното европско право, татко имаше некакво атавистичко чувство на балканското тежиште во себе, но и не можеше да се ослободи од одисејскиот дух, па брановите на судбината го исфрлија крај оваа река и во овој град, во кој мораше уште еднаш да се докажува, да го вкоренува своето откорнатичко семејство, соочен првпат со гладот, со гладот на своето семејство.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се врати со својата кадиска диплома за старо шеријатско и модерно право, беше едно време судија на албанската монархија, на крајот адвокат во Поградец.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Природно се очекуваше и тој еден ден да му се исповеда на Камилски за тајните на младоста, за клучните настани од цариградското време кога овде се разминуваа османската епоха и времето на нова Турција на Ататурк, кога се разминуваа верската империја на Калифатот и новата лаичка држава, кога се разминуваа арапската и латиничната азбука, старото шеријатско и модерното европско право, кога се разминуваа Европа и Азија, кога новите институции ги заменуваа старите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како дипломец на шеријатското и модерното право, Татко отсекогаш ја чувствувал тежината на милетот во сите фази од својот живот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога светата заповед пристигна за пристапување кон работа, се состанаа двајцата кадии, ама при одењето во Булачани, заедно со шеријатскиот ополномоштен застапник на пашата, кадиите одредија и сведоци, старци и спахии што се во близина на овој имот, и тие како чесни луѓе на овој вилает да ги потврдат меѓите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој, „штедриот и милостивиот Мустафа-бег”, како што стоеше во документот, „пред светлото и чисто шеријатско заседание, го изведе тужениот брат Иса-бег, гордоста меѓу заповедниците, сопственикот на големи знаења, мајданот на милоста, гордоста на државата и верата, и против него кажа дека целата задужбина, имаретот и медресата, и двата амама, селаните и книгите, зградите, нивите и бавчите, дуќаните, и сето друго - нему и на неговите браќа Иса-бег и Паша-бег им останало како заедничко наследство”.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)