шеснаесетти бр.

шеснаесетти (бр.)

Имаше и апсолутен имунитет против грижата, напорите и караниците, како и бескрајна добредојденост од страна на домаќинот чијашто одушевеност на шеснаесеттото повторување на некоја песна или приказна, беше иста како првата возбуда при слушањето на нова песна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еден кловн умре... На шеснаесетти мај 1936 година пропадна во Скопје еден Циркус.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се разбира дека тоа не е сѐ. Социјализмот во мојата претстава почнува некаде од некои газиени ламби, со право на одвај четири тетратки во годината во гимназиските клупи и со многу транспаренти и пароли против студот; со први куси панталони од излитено вејничко ќебе што ќе ги облечеш одвај на твојата шеснаесетта година за да прошеташ низ полето што сѐ уште потсетуваше како да е „во војнички цокули обуено...“
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
„Рано ти е да се вишиш. Јас дури во шеснаесеттата година се извишив.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пред тоа испив голтка вино од жудливо грозје што го раѓа од песок Македониичкава, ме натера домаќинот да го сторам тоа, го опијанив срцето и појдов во длабочините на животот да ги поздравам оние што не се веќе мртви и да им раскажам како почна највозбудливиот ден на овој свет: ја видов 'рженокоса, пораснав, треската што ме мачеше изгоре од огнот на крвта премногу зовриена за да не знае што се случува во шеснаесеттата година.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Комисијата, проклета да биде, стигнала шеснаесеттиот ден.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во кое време? Дали во 15-от век, дали во следниот, шеснаесетти век, или во годините измеѓу, како што претпоставуваат некои?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од друга страна, тука по договор се всадиле, како кај Индијанците уште од шеснаесеттиот век, корупција и расипување, во среќното и секогаш ново прифаќање на колосалниот пораз.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
МАТЕЈ: (Пауза.) Од шеснаесеттата година. (Пауза) Телефонот го исклучи. Ќе умреме од глад.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)