шести прид.
шестина бр.

шести (прид.)

На шестиот ден се најде место и за нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Шестото навистина го испи малку побавно, но никој тоа не го забележа, на седмото виде само Трајанка и ѝ затупка срцето што ќе излезе победник, на осмото децата почнаа да му се смеат дека не може ни колку едно женско да биде јунак, на деветтото одвај го качуваше ридот а кога дојде до половината на десеттото, којзнае како стана, но се закашла и не го допи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш попот трипати се прекрстил и повикал уште еден ангел, шестиот или седмиот од Јовановото Откровение, да го заглушува светот со труба: врз една третина луѓе од земјава се наднесува смртта со исклештени триесет и два заба, доаѓаат илјадници и илјадници киклопи во огнени, синомолскавични оклопи под лавовски гриви, опашите им биле двоглави змии. Морничаво и печално.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шестиот, што не можеше онака бргу да се искрие, сигурно доста искасан, а веројатно некаде скраја и закачен од неговото зрно, си ја влечкаше доста бавно својата болка нагоре, накај шумата, потскокнувајќи само на трите нозе, со една притаеност брзајќи да ја искрие и својата тронога сенка меѓу сеништата на дрвјата на белата шума под месечината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
После секоја трета испиена ракија сите беа спремни да го освојуваат Солун, а после шестата веќе не можеа ни до дома да стигнат.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ана ми ја подаде гондолата, мојот подарок за дваесет и шестиот роденден на брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако се ближи кон шестата деценија, по својата виталност и активност тој прилега на момче кое е готово да прави хируршки интервенции уште многу години.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во комфорниот трисобен кафез на шестиот кат, опколена со истоветни кафези во истоветни облакодери.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Појадувавме на полноќ, ручавме во три наутро, а вечеравме во студениот и сѐ уште мрачен шести час наутро.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Значи, пентаграмот е сликата на шестата димензија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кога сестра ми беше второ, а јас шесто одделение ни купи лизгалки адидас, бели.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тука беа активните САД, со шестата флота во близина, карши беше Италија, со силни бази на НАТО.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На шестиот ден од Неделата на омразата, по парадите, говорите, извикувањата, пеењето, транспарентите, постерите, филмовите, восочните фигури, удирањето на тапаните и завивањето на трубите, по тропотот на чизми во марш, чкрипењето на гасениците на тенковите, брчењето на бројните авиони, пукотот на топовите, по шест дена исполнети со сето тоа, кога големиот оргазам наближуваше до својот климакс, а општата омраза спрема Евразија завршуваше во таков делириум што толпата, само да можеше да ги дограби оние две илјади евразиски воени заробеници што требаше да бидат јавно обесени на последниот ден од прославата, без секакво сомнение ќе ги раскинеше на парчиња со сопствени раце - токму во тој момент беше објавено дека Океанија сепак не била во војна со Евразија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На шестото новороденче во таа година црните подбивачи сакаа да му дадат име Сирак, но попот го запиша во црковната книга како Никита Марко Проказник, на задоволството на Јага Перуника, им се тргаше од пат на разубавените селанки и со стара ракија во бокалче пред себе му раскажуваше на најстариот, на Богдан Јанков со козји уши и со господови тајни во себе, за природата, за Чарли Краков, за гасениците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Влатко немаше време да се вклучи во разговорот на родителите: се повлече во својата соба да ги напише домашните задачи, да ги повтори лекциите за петте часа - а шестиот ќе е ликовно - треба само да се подготват блокот и приборот. ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Им се удоволи и продолжија заедно и во шесто, и во седмо, и во осмо одделение.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Лектира кнезу Репнине пукната калино во мозокот црвено во копнежот се всадуваш прибираш сѐ што е светло безграничен меѓу корици мирисаш на бебе те канам чај да се напиеме зимата да ја згаснеме небаре жед ти седумдесет и шестата јас тебе да те видам меѓу луѓето немаштија во мене исто така - има што да видиш дождот се самоубива кога врне за да постои мора да врне зли абери како метафори ме следат ѝ се ближи крајот на неизвесноста репнине литературо!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- А, таа? - А таа се изнасмеа и отиде да вози ролшуи со еден мрсулко од шесто одделение.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Утрото, дваесет и шестиот ден од месеца цутара, втората година по Големата војна, миропомазаната жена на Пане Липовдолски (одамна упокоен) осудесет и едно годишната Лена, шевелеше низ куќи, се вѕираше час во ноќвите, час во амбарите, во потонот, во малата и големата одаја, во гредите над чардакот, по ќошињата на дворот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Така значи, дада ми беше побарана за жена на шести јуни, на денот на свадбата на другата сестричка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Повеќе