шетка (несв.)
Шеткаат луѓето и нѐ гледаат напреку.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Околу устите веќе им шеткаат муви и комарци.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Околу осум часот, додека го чекав Дагларбеј да ме земе, се шеткав во фоајето со рацете одзади, загледував по излозите на богатите шопови во ентериерот и минував меѓу господата со пеперутки машни и дамите во блескава облека и скапи парфеми.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Можеби дури ќе успеете и да го заборавите додека се шеткате меѓу несмасните надгробни споменици од осумнаесеттиот век, понекогаш налик на вазни, што можат да се добијат на некоја уметничка лотарија, но почесто личејќи на облаци вкаменета пена од прашок за перење; потоа меѓу надгробните споменици од деветнаесеттиот век, интересни поради мешањето на рускиот класицизам и уште по нешто руско, се чини, духот на апсолутизмот и, најпосле, помеѓу надгробните плочи од последниве децении, неромантични, каков што е обичниот алат.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Кротко шетка црна сенка, исплакуе својот век.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Вечерта ќе ме изведат надвор и ќе ме шеткаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не поминаа ни десетина-петнаесет минути, само што го допиваа шербетот анамите, а кадијата за сето тоа време се шеткаше нервозно низ одајата, вратата се отвори и на неа се појави Ајша со Сефедина, носејќи ја Анѓа на раце изврзана со дебела ортома од градник до глезни.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
По примерот од Челебијата, сите чауши, почнувајќи од Ѓузепа до кир Андона беа си фатиле по една посестримка од младите мариовски невевчиња и чупи и секој секоја вечер се шеткаше со по една низ боровата гора, играше до неа на орото во неделините и ја водеше во својот стан сат два пред пајдосот за неколку бели череци месечно, некоја гривна, обетки, прстенчиња, синџирчиња и за некоја и друга натпишана надница.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Шеткаш лево-десно, се топориш пред народните непријатели, јабана кинеш ѓон и дневно добиваш три порции леб, а таму во Егејот истовремено нашите браќа...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Таа шетка по бифето и гледа во шанкот. А на шанкот чиниче. Во чиничето слатки.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во секоја куќа светеше борина, шеткаа жени низ куќи, ги растовараа мажите добиците со сено, трева, дрва; се прибираа аргати од работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сулоага, со ќуркот на едното рамо, чибук од половина метро в уста, едвај го лапа ќилибарот, се шетка и прави муабет, де со еден, де со друг чорбаџија Распрашува за дома, за деца, за стока и за бериќетот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Задржаните ги притиснаа пак во еден ќош, а пред нив горе-долу по дворот шеткаше стражар на голем коњ, управувајќи го понекогаш и накај групата, кога му се чинеше дека оваа се проширила на повеќе простор одошто ѝ се полага.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Филип Хаџиевски само шетка и потпевнува: ,Гледам на Исток, гледам на Запад, не знам која страна е на моја страна.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Петре шетка од олтар — во олтар, ги опрема серафимите, крстот за „входот“ и друго што треба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А во свое време, Господе, ми се допаѓаше една аристократка. Шеткав со неа. Ја водев на театар.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Покрај малечката Пелагија која, чврчорејќи шеткаше наоколу, со претходна дозвола од мајката Перса, Мурџо ги запознаваше мирисите на одајчето.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Така и коковчето, и пиленцето, остануваат на ѕидот, а Зоки и Лидија продолжуваат да шеткаат.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
— Демек така, Јоване, а? Јас ќе шеткам одонаде река, ќе терам ваки стока, ти ќе a преземаш понатака.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Затоа тој така жедно го чекаше овој септемвриски ден кога се отвора гимназијата, и еве го сега рано кај се шетка горе-долу покрај Боцевата берберница.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)