шие несв.
шиење ср.

шие (несв.)

Последните два дена само за тоа се зборуваше: мене мајка ми ми купи ново фустанче, мене мајка ми ми шие, мене мајка ми ми плете, мајка ми, мајка ми...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мажите веќе почнаа да шијат брич-панталони, а жените шајачни фустани со црн сатен и со лимби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа беше доста барана во градот бидејќи шиеше прекрасни облеки за многу видни дами во градот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Бев облечена во прекрасно везено фустанче. Ми го везеше и ми го шиеше мајка ми. Со народен вез.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А некому кожата му е стара и танка, не му се шие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дрвјата си шиеја нови зелени фустани, поубави од ланските.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Одбивам да шетам со цревата во раце, да гледам како нестручно ме оперирате, сечете и шиете, како ми гнојат раните и да се прашувам колку ли ќе ме боли кога ќе дојдам на себе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Па ќе донесат друг. Го земаат, го стрижат, му ја лупат главата ко компир и го шијат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гледаме: постојано шијат низ вратата војници едни влегуваат други излегуваат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Претходно ѝ порача на Рада да му го донесе новиот костум кој специјално го шиеше за оваа пригода.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еве друго што ќе ви кажам: сестра ми Босилка седеше еден ден во двор на ругузината и си шиеше едно ѓерданче и од ругузината ѝ загина; по неколку дни невестата ми Неда седеше и таа во двор на ругузина и си везеше вдовичинска црна кошула, преденото со сета игла везарка и загина.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
За шиењето Петрович зеде дванаесет рубли – никако не можеше помалку: сѐ беше шиено апсолутно со свилен конец, со ситен двоен шев и по секој шев Петрович потоа минуваше со сопствените заби, истиснувајќи на тој начин разни шари.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кај него се шиеше офицерската облека од Џемо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Заедно го однесоа кај Перо мајсторот, кој шиеше дома и на кого му беше Павле клиент уште пред ослободувањето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ни плетеше ни метеше, ни крпеше ни шиеше, ни месеше ни печеше, ни параше ни бараше, ни молеше ни колнеше, само го дупеше ѕидот со отапениот поглед и како да немаше да се зачуди ако од тоа куќата ѝ се урне врз главата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Имено, Маша Русланова сошила фустан кај што шиела и жената на некој странски дипломат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој, натема го, во сите шие... по мене трчала и јатрва ми Уља, ама јас не сум ја видела.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Кошер ли е виното, Моше?“ - го прашуваше мајка ѝ, поставувајќи го садот со слаткото пред него, а тој насмевнато потврдуваше со глава и ги вадеше новите костуми што деновите пред празникот ги шиеше за момчињата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Почнаа да шијат, да пукаат, да трешти ноќта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе