ширит (м.)
Со сивата паларија со црн ширит што започна да ја носи уште за време студиите во Цариград кај блиските по мајчина линија уште во дваесеттите години на веков, а од која не се одвојуваше до крајот на животот, со црната службеничка чанта преполна со книги, стари отомански списи, остануваше некако настрана од овие луѓе, забрзани во животот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Долга жолто-сива врволица од туристи се влечкаше по долгата дубровничка улица; витрините од продавниците беа начичкани со капи украсени со ширити, со богато извезени елеци, привлекувајќи ги погледите на минувачите кои бараа евтини подароци или на оние кои бараа костим за маскенбал на брод.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Шаторот се затвораше со патент широк како офицерски ширит, од врвот до прагот, а тука се заклучуваше со катанец, чиј клуч го држеше Геро како најстар во екипата, но не во малото џепче кај ситните пари туку на синџирче заедно со ножето за отворање конзерви и отнување тапи.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Неодамна весниците пишуваа за некој скулптор кој долги години работел во својата вила, во близината на Кичево, кај кој ноќе, наводно, доаѓала монахиња, исто така со џип, но подоцна се утврдило дека под дулбенот со ширитче по рабовите и долгата црна носија на божемната искушеничка се криел поп, хомосексуалец.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Дури и униформата му беше посебна, кафеава, со жолти ширити обрабена.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тоа беше многу убава капа, со бел ширит и ѕвезда напред.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Влегоа во гостинската одаја со долга трпезна маса и столбови од резба, шарен ткаен килим на подот, ѕидана печка во ќошето, тесни прозорчиња со бели платнени пердиња собрани на средината со ширит и запнати за рамката од прозорецот да влегува повеќе светлина; на челниот дел од одајата иконата на свети Наум со запалено кандило; на едниот ѕид стара слика на манастирот; на средината од масата свеќник со свеќи; на полицата над масата газјена ламба од бел порцелан.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кога ќерка ѝ, Јана, мајката на девојчето, ѝ донесе за роденденот три раскошни цвета на стрелициум, три наежени папагалови глави, завиткани во целофан и украсен црвен ширит.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Еден ден им дојдоа во посета некои големци со ширити и друга нишани.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)