шлака (несв.)
Само иронии можам да претставувам, да шлакам по платното, тоа заслужуваат овие неранимајковци – со возбуда во гласот додаде. –Во трите галерии пројдов!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Војниците се шлакаат во реката, се засркнуваат од залетната вода.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Си го ишлака вратот, образите и замина кон пештерата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Што, да не ме исклучат од партија, велам и само ја шлакам в образи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Не одам, - се спротиви девојката. Но тој тогаш ја зашлака како што се шлака мало дете и таа сета потресена тргна горе.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)