шлапне (св.)
Во кое вирче на улицава шлапнаа зборовите, брзајќи да побегнат од мијачите на мисли.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Ја шлапна банкнотата на шанкот и се сврте да си оди.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Важно е да не личат на комшијата“, се засмеа Огнена и во неконтролираната веселост што божем ја беше зафатила ја шлапна мајка ми по коленото во знак на некое пријателство или нешто слично.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ќофтето ѝ падна од раце, шлапна и се распадна врз чиничето со ориз.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Седиме тројцата згрчени над разгореното мангалче и чекаме да зашушкаат над нас крилја на диви пајки, да шлапне водата од нивното паѓање.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)