штавеј (м.)
Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и сосем земја ги полнеа своите празни стомачиња.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Со штавел и киселец е! - го фалеше дедо Алексо зелникот, но тоа воопшто не му беше потребно, зашто двете момчиња веќе го голтаа вкусниот зелник.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ќе им наберам киселица, штавеј или коприви.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Партизаните преживеале од овие трња, од киселецот што го исплука, од штавелот, од младите букови лисја...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Добро, Коле. Ќе ти месам зелник со штавеј и ќе ти пратам ручек по Рушка.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Па пркнаа: штавејот, копривите, лободата. И сега е лесно.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Или јас тебе ќе те убијам, или сама ќе се убијам“, му рече еден ден кога Полин наполу го отфрли лебот и другите јадења и започна да ја засмрдува куќата приготвувајќи јадења од разни растенија што така диво растеа во природата: штавеј, блостурци, див спанаќ, лобода, ардукли, киселачка, разјан, зајачко зелје, шумска салата, мајорок, чубрица, дрезга, мечкино грозје, рајчица, шафран, жолта месечина, пиперица, горчица, див лук, брашнарка, граорка, гомбел и др.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)