штедро (прил.)
На авторот му е оставено да ја состави таа материја, да ја исполни со богатствата и чудесиите на безбројните мирудии со кои животот штедро нѐ дарувал.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
4.
Стрвна спирала
Штом премногу претскажуваш
стрвна астрална спирало
милост имај за трпеливите
за лифчињата на душата
врз коишто го истураш штедро
твоето мастило
моровата моќ, индигото
од тебе зависи дописот со небесата
ритамот и римата, или и ти
не можеш ништо
кога густината се ретчи
комплексите малаксуваат
согласјата се упростуваат -
само Отецот сам самцат стихува
сушноста – сушта суштина
суштествено суштествува
всушност, меѓу четири ѕида стисната
слободата ѕирка, се ѕвери
нагоре, а таму (уууууууууууу)
сѐ се движи во обратна насока
гледано одоздола
ааааааааааааааааа:
или времето оди наназад
или човекот е свртен наопаку
опак Закону, злорад Реду
приказание, Име имаш ли?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Планините на сабајле треба да се лижат
штедро, скокотливо, одвнатре
по преслапите, по пресеците, по вршниците
дал-господ јазици
и за на небо и за по земја
и под, и над, и пред и по
треба да се диши длабоко, однапред
да се ублажи налетот на дневниот молк
сѐ до следната средба со ноќната граматика.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Но, кога кожата на Атиџе се смири, го повлече црвенилото и под наборот го подаде младиот и тенок слој на голуждраво птиче, па кога Атиџе ги поврати своите стари навики, одејќи со придружбата секој вторник на капење во Чифте-амамот, а бегот него штедро го награди и го испрати назад во Блатието - тој секој вторник, зиме и лете, напролет и наесен, дојден во градот како пијан, се гледаше себеси како цупка пред амамот, чекајќи таа да се појави и само малку да го потргне фереџето, божем ветер го сторил тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сите куќи се свртени кон езерото кое штедро им ја фрла својата светлина.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)