штипкање (ср.)
Штипкањето на студот кое кажуваше дека температурата паднала под дваесеттиот и некој степен го сети само на носот и на горниот дел од образите.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Идеше киселикава миризба на сурова буковина и суво штипкање на пилотини во носалките, од тоа кивна, загазувајќи до глежневите во белиот слој пилотини, по кои чекорот му беше мек, помек дури и од снегот, а ги чуваа тука за да држат топло.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ги гледаше сега како се изгубуваат, но од тоа немаше никакво штипкање во зениците.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кметот го зеде јагнето од прислужникот и го постави среде масата, му мрдна со главата на прислужникот да излезе бидејќи беше сиот замастен во устата од штипкањето на јагнето носејќи го од фурната, и почна сам да го черечи јагнето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)