штичка ж.

штичка (ж.)

Овој изум е толку едноставен што секој би можел да го измисли: две штички, оган и светилка.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Потем ја позеде и ми ја даде чудната штичка што говори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Отец Кирил се посомневал дека слепецот од Кападокија е измамник, и дека знае само една и иста приказна која ја кажува секогаш, без разлика какво слово и со какво писмо е забележано на штичката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Родот на тој човек, кој си живеел среќно, попаднал во ропство на некој друг род; победничкиот цар, прво што направил, заповедал да се соберат сите штички што зборуваат и на клада да се запалат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од двете страни на местото по кое се поминува за да се оди кон свеќниците, пред олтарот, имаше по пет, едни како столови, ама не да седнеш туку со држачи да си ги поставиш рацете и со една штичка да си го потпреш задникот кога ќе ти дотекне да стоиш.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И беше убеден дека со магија некаква црна, со ѓаволска помош, јас сум ја вратил штичката на масата од скрипториумот на која слова сочинуваше Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога ги симнаа од бесилката, аџиите најдоа на нивните глави една мала штичка на која пишуваше: Умираме за светата вера православна и златната слобода.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мери некои летвички, со вистинско метро ги мери; мазни некои штички со мало ноже; се внел човекот во некоја работа која и најумниот не може да ја разбере.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Иако го прочитав нејзиното име и презиме на штичката, на која покажа татко ми, не можев мајка ми, нашата жива, секогаш насмеана добра мајка да ја поврзам со ова купче натрупана земја и со оваа грубо изделкана и испишана со црна боја штичка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му ја подадов назад, оти мачно ми беше на душата, и тој ја зеде; погледнав во своите раце и видов дека се извалкани од јаглен и саѓи; срам безмерна ме обзеде, и јас гледав тој да не види, па рацете незабележано ги истрив од црната риза, додека тој вљубено ја вртеше штичката во своите раце и гледаше во непознатите редови со ино писмо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Насекаде наоколу непозати луѓе се фрлаа на земјата, ги бакнуваа штичките со напишаните имиња, пискаа, редеа слики со рамки на гробовите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Јас кај себе имам една штичка, кора од дрво кедрово, на која има запис со тие букви дамнешни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие се провираат низ пукнатините на штичките и низ растојанијата од едната до другата. ...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас му велев дека не знам по патишта какви и незнајни штичката сама се беше вратила во скрипториумот; но тој не сакаше да чуе, па и натаму ме биеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем гласот исчезна, а ние, тресејќи се од силен страв, полегнати на земја, видовме како огнот повторно вивна, како почна да ја голта штичката, како таа почна да чрчори; но одеднаш, слушнавме и гласови многубројни, пискотници и лелекања, како живи луѓе, човечиња мали да се спалени на кладата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога Филозофот го прашал слепиот од каде знае што е напишано на штичката, кога тоа што е напишано сочинето е со букви за него незнајни и неразбирливи, овој му одговорил: „И кога допирам запис од писмо непознато, јас знам какво собитие е запишано; така, кога ми ја даде штичката со твоите букви, јас видов дека за мене тие знаци се непознати; но сепак разбрав за какво собитие говори записот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја позедов, рацете ми трепереа, и видов: тоа беше сосема истата штичка што пред зајдисонце ја запаливме во шумата, ние дванаесетмина бедни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе