штрклест (прид.)
Гол, секако бил штрклест, танконог и со ковчести бранчиња на градите, во тешката облека можел да биде само голема и долгнавеста бовча на која некој заборавил загрижена глава.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога жените се исправиле под светлоста на месечината чудно танки и штрклести дури и во подгрбавеноста и кога пошле кон своите куќи во чии прозорци лежела магличеста светлина, Лозан Перуника, со стиснати усни совладувајќи го во себе отпорот на осаменичкиот страв, дошол до гробот заграден со пет пламенчиња за петте покојници од дванаесет до шеснаесет години и се потпрел со острите коленици на земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој беше некој штрклест, но благ човек, дури и пушката не му прилегаше.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Геро, штрклестиот левучар со раскрвавен палец и одрани колена на некогашната меѓумаалска полјана, а сегашниот новограден солитер, денес асистент снимател, а утре снимател, но можеби и нешто повеќе - амбициите понекогаш ги водат и способностите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Отсекогаш ме фасцинираше физичката и душевната разнообразност на пријателите на татко ми: и флегматични дебелковци, и борбени џинки, и штрклести осаменици, и кротки и црвулици, дрдорковци и молчаливци, фрустрирани интелектуалци и славољубивци, момчаци и пензионери. Факт е – сите се дружеа со него.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Пред лицето на овој град веднаш се отворала морската шир, начичкана со белите, штрклести дамки на бродовите - странските, што секој час доаѓале, и домашните - стари и нови, кои од бродоградилиштето излегувале накитени како млади невести.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)