штутка (несв.)
Подруго ќе беше да имаше татко, вели, кој не помина, тој не зеде, вели, ко гасеници нѐ опасија, ама најлесно е гладен човек да најадеш, вели, и само се шутка, оптрчува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Вечерта ја залостувам врата. И големата и малата врата ја залостувам и се шуткам низ куќа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Или штути со очите некое вратниче во мракот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мислејќи дека ќе биде помалку сомнителен внатре, отколку да се шутка по тротоарот, влезе во дуќанот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И стариот Соколе се штуткаше по цел ден стемнет и замислен.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Одеше по собите, штутеше на вратата каде се наоѓа таа со Богдана, тропаше на вратата и викаше: „Надвор! Надвор, оти ќе ве запалам“.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Стариците се шуткаат преку ден по гробиштата, доаѓа есен, ќе им треба нов дом, а децата бавно растат - чорбичката им е на посна.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)