шума (ж.)

Отсекаде рига оган: гори и тревата и шумата, нѐ засркнува горењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ фатило некаде ноќ среде шума, прст пред око не се гледа, што се вели, мислиш си ослепел, а тој ми вели да се фатам за опашката од коњот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кози нема да има. Тие се штетни за шумите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Гледа на толпата луѓе собрани во шумата..
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некој ни ја краде шумата, си велам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Твојот денешен испит ги отвори вратите на длабоките шуми.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Високи ридови, некои голи, каменети и карпести, столетни борови и шумите мрачни, студени водје ги делкаат клисурите, а ноќите ведри и небото извезано со ројови ѕвезди и се чини толку се блиску, што само рака да испружиш и ќе ти легнат на дланка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не можел ништо друго да стори освен да се сокрие во шумата и да чека цел ден во најдлабокиот честар, додека новата ноќ не им ја подари на неговите крилја можноста таинствено да запливаат во небото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ова рахитично патче оставајќи го зад себе работ на шумата наеднаш излегува на зачудениот рид како патецот низ густите кадри што наеднаш втасува на голото теме.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Чудно, по радосниот, празничен ден, јужниот ветер, влагата што ја носеше тој, постојаното бучење на шумата, вселија во душата на момчето немир, нестрпливост, раздразливост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го намести буклето под тенкиот шупур на кладенчето и отиде кон шумичката да седне под сенка и малку да здивне од горештината.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе почекаме да се стемни и ќе им ги пуштиме куририте што ја познаваат шумата за да ги преведат преку граница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакале да глумат партизани во шума проклетници кои се хранат со мрши во шумата стрелаа невини срни во градот убиваа човечки души
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Шетањето по шуми и собирањето печурки во ладно есенско утро, може да биде многу досадно, посебно ако не најдете ништо.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Најпосле јастребот го исправи својот лет и се упати кон брестовата шумичка на ридот, носејќи ја во канџите својата жртва.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
За спомен ја сликаме далнината и околните планини покриени со густа букова шума која пленува со своето зеленило.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Стрелал и пеел со персиски зборови за месечината и за бескрајноста на шумите под сребрената пајажина на светлоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Седам сега стуткана на камионот и гледам во козите што ја брстат шумичката крај патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можат да летаат низ апстрактни шуми, што се всушност графички прикажани статистички податоци и така многу полесно да ги забележат мострите отколку на колкав и да е компјутерски екран.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Партизаните на ДАГ се спуштаа по стрмните планински удолници и густите шуми и на приодите пред градот паднаа во минските полиња и беа пречекани со урагански митралески и автоматски оган.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе