шумот (м.)
Шумовите и звуците што ги правеја веќе заспаните војници до нивните уши доаѓаа како стенкање на земјата.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Шумот на блиската река не се слуша, буката на автомобилите и детските гласови, под липите расцветани и дивите маслини...
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Акакиј Акакиевич, откако го закачи сам својот шинел, влезе во собата и истовремено ги виде пред себе свеќите, чиновниците, лулињата, масичките за карти, и беглиот разговор што се креваше од сите страни, и шумот на столовите што се поместуваа, матно му го поразија слухот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)