шура (м.)
Татко ми не беше премногу воодушевен од своето дело, се прекоруваше оти не употребил некоја од техниките за кои беше читал во еротските магазини што му ги носеше вујко му од Австралија, но знаеше и што значи за родителите машко дете - само проблеми и грижи, а богами, го имаше за пример шурата.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
И поп Петко затоа излезе: да го дочека Ѓура како шура, да му се извини нешчо ако згрешил што им зел на децата и жената некоја пара повеќе, за некое и друго кило жито а повеќе да го пречека и да си го прибере Крчето, да му благодари на Ѓура што го доведе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Без објаснување во себе и за себе, темен и тромав, неприродно наведнат над живото петно во мантија, со претчувства барал да ја прочита вистината од челото на заспаниот, најпосле, навистина, куќата горела, некој пуштил од дланка пламната птица врз 'ржениот покрив, Гавруш Пребонд или попот Панделиј Каламарис, и тој станал бескуќник; спиел во тесниот дом на шурата Адам Лесновец, јадел негови компири, благословувал на софра со негово вино и осамен бил: не му треба жена, топло месо под ленена кошула и подвижни мали дињи под кожата на градите, му треба мајка на двете негови деца.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На чардакот се слушаше смев, висок разговор, а потоа ѕвекна Сивевата тамбура на две жици. Со неа Јован го развеселуваше друштвото, поправо ја отвараше веселбата. Не знаеше да свири убаво како колџијата Сула или како шура му Тошета, но редот го носеше, како домаќин, прв да почне.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мажот, вујкото, кога ја здогледал разулавената банда, всушност, пушката во рацете на својот шура, ја здувнал кон планињето.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
СОФРЕ: Ајде, не треба да ве молиме. Сами сме друг пат и пак си пееме, не пак сега што еве дојден шурава од Америка...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
СОФРЕ: Зборот, шура, кај ќе го носиш таму оди.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Кулата од Јована Сивев светеше и на чардакот седеа околу масата чорбаџијата Сиве, шура му Тоше Нале, зет му Митре Најдов, даскалот Димо Гулушов, битолскиот чорбаџија Данабаш и стариот Арсланбеј мудурот од Витолиште, со еден заптија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во тоа време влегува и одзади на него се навалува шурата: вие него го паметите - таков здрав, вистинска мечка.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)