шутка (несв.)

Се вртка, се шутка дури не му направи Ристе ишарет со очите да му ја извади шамијата од уста. Тоа го направи без мака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Емплфорт направи неколку несигурни движења од една страна на друга, како да мисли дека постои некоја друга врата низ која може да излезе, а потоа почна да се шутка низ ќелијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас тогаш бев мал, ама паметам како децата по полињата ја шуткаа неговата попска шапка со денови, сѐ додека некаде не исчезна.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Жените носеа забулени шамии, а мажите одеа замислени на работа или се шуткаа околу куќите.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се шуткаше со тоа чувство во себе, како да растрчуваше наоколу со него, голорак, сеќаваше како се поти.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од мракот исплива Патрокле, сомничаво се шуткаше меѓу оние што лежеа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
БОРИС: Се шуткам како прдеж во гаќи. Тоа ми останало.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Возбудени, скоро уплашени, се шуткаа и бараа место да се нурнат во мракот под скалите, зафрлените ќошиња, и таму да се ослободат од кошмарот што го гонеше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)